• Саем на книга 2016

Најнови статии

  • Саем на книга, 2016
    Повторно стигнавме до саканиот и долго очекуван саем на книга, оваа година од 12.04 до 18.04, со работно време од 10.00 до 20.00 часот. Годинава ви подготвивме 9 прекрасни нови наслови, кои ќе се продаваат по промотивни саемски цени, а…
    Коментирај
  • Старомодниот водич за љубов и романса - Кристи Гринвуд
    Старомодниот водич за љубов и романса - Кристи Гринвуд Не знам дали некогаш во животот сум прочитала позабавна книга! Мислам дека не сум уживала и не сум се смеела олку од времето кога бев заразена со Кинсела! Џесика Бим е девојка која знае да се забавува. Само што во…
    Коментирај Повеќе
  • Од минатото не се бега - Ерик Аксл Сунд
    Од минатото не се бега - Ерик Аксл Сунд Нова шведска сензационална трилогија, преведена во 46 земји! Наскоро и филм! Жанет Килберг сè уште не се откажува од случајот со убиените деца имигранти, но нејзината работа ја прекинува страшно морничаво убиство на бизнисмен во Стокхолм. На местото на злосторството…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(167 оцени)

Дениција - Петре М. Андреевски

Нашиот македонски писател – еден од најдобрите кога станува збор за поезијата - Петре М. Андреевски, иако поседувал компјутер, бил љубител на рачно пишување, речиси сите свои дела ги напишал на хартија, пишувал во тетратки, а некогаш и на парче весник.

Така можеби најубавата поетска збирка „Дениција“, Андреевски ја напишал на парче весник, седнат на тросед наведнат над малото масиче во работната соба. Подоцна за стихозбирката „Дениција“ тој ја добива наградата 11 Октомври и со неа остварено е едно светско достигање на македонската поезија. Оваа поема е една од најубавите современи пофалби на љубовта.

 

Оцена
(142 оцени)

Го сакам Париз – Линдзи Келк

Па драги мои, авантурата продолжува. Ја следевме Анџела кога побегна од Лондон во Њујорк поради тоа што нејзиниот свршеник ја изневеруваше на задното седиште од нивната кола, ја следевме во Холивуд каде требаше да интервјуира популарна филмска ѕвезда – авантура која за малку ќе ја чинеше работно место, американска виза и момче, а сега ја следиме во сосема нова и тоа европска авантура.

Сите опседнати со оваа трилогија веќе знаат дека сега Анџела го има совршеното момче Алекс, и дека тој е подготвен за следниот чекор – заедничко вселување. Но нашата Енџи, изгорена па сега дува и на јогурт, смета дека заедничкото вселување не е толку паметен избор затоа што мисли дека тоа би ја уништило нивната врска и би можело да заврши како нејзиното последно непријатно искуство со нејзиниот бивши.

Оцена
(8 оцени)

Што треба да направиме за да бидеме среќни?

Според Хорхе Букај, за да тргнеме по вистинскиот пат треба да си одговориме на следните прашања: Кој сум? Каде одам? Со кого?

Не треба патот да нè определува кои сме, ниту пак човекот кој нè придружува да одлучува каде одиме.

По патот треба истовремено да се забавуваме и да научиме да го цениме она што го имаме, и ако е потребно да почнеме од почеток, да го направиме тоа без да престанеме да веруваме во себеси.

Оцена
(1 Оцена)

Празен ум е безбеден ум. 

Оваа реченица е длабоко врежана во самата суштина на постоењето на Јулија. Уште откако знае за себе нејзиниот татко ѝ ја вкоренувал оваа мисла во мозокот.

Бидејќи во 1960тите години во Русија, само умот во кој нема никакви предавнички мисли може да опстои. Сè друго е опасно.

Јулија се снаоѓа најдобро што знае за да преживее, за да ги задржи безбедни нејзината мајка и брат, откако татко и побегнал. Но тоа не е лесно во Русија, во период на сиромаштија.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter