Нешто Ваше...

Книга и Филм

Најнови статии...


Десеттиот случај - Џозеф Телер
Кога се соочувате со тригодишна суспензија, а притоа сте успешен ад...
Даблин стрит - Саманта Јанг
Џоселин Батлер е сосем обична тинејџерка која една случка ќе ја про...
Само слушај - Сара Десен
„Немој да размислуваш, ниту пак да осудуваш. Само слушај.“ Анабел Г...

Оцени ја книгата
(164 Оцени)

Сид - Пјер Корнеј

"Сид" е класицистичка трагедија напишана токму од основоположникот на ваквата драма. Пјер Корнеј создал трагедија која се разликува од античките трагедии. Таа не завршува со смрт на главниот лик и не предизвикува стравопочит. Со овој вид на драма ја најавил таканаречената трагедија на интрига. Во овој вид на драма настанува пресврт на крајот и се случува нешто што не сме го очекувале, за да денес таа драма прерасне во современа драма. Токму таква е и "Сид" каде што мотивот е земен од шпанската литература.

Главни ликови се Родриго и Химена и основниот мотив е судирот меѓу обврската да се одбрани честа и љубовта. Корнеј сметал дека таа традиција треба да се искорени и го прикажал тоа и во драмата.


Оцени ја книгата
(59 Оцени)

Евгенија Гранде - Оноре де Балзак

Евгенија Гранде е уште едно ремек - дело на францускиот реалист Оноре де Балзак кој зборува за љубовта, алчноста, семејните врски како и перфидноста со која се одликуваат личностите во овој роман.

Феликс Гранде е борат трговец од францускиот град Сомир, кој се збогатил брагодарејќи на неговото инвестирање во претходно добро проверените бизниси. Така тој станува почитувана личност, кој го ужива престижот да биде почесен граѓанин меѓу малодушните луѓе во малиот град.

Тој се жени за ќерката на богатиот стопан де ла Бертелиер со која ја имаат ќерка Евгенија...


Оцени ја книгата
(45 Оцени)

Во потрага по изгубеното време - Марсел Пруст

Марсел Пруст е еден од најголемите мајстори на зборот, кој со својата романескна епопеја Во потрага по изгубеното време (кое претставува едно од најкомплексните дела во литературата) го одбележал дваесеттиот век.

Иако ова обемно дело е голем предизвик за читање, вреди да му се посвети време. Тоа ги окупирало последните 13 години од животот на Пруст, од кои последните 3 биле ужасно тешки за него поради влошеното здравје. За жал, тој починал пред да успее да ги направи финалните корекции на последните делови.


Оцени ја книгата
(121 Оцени)

Тегобност - Жан Пол Сартр

Иако за време на читањето на овој роман едно од несаканите дејства може да биде чувство на мачнина, празнина, ова е едно од најдобрите остварувања на француската филозофија. Имајќи ја во предвид обемноста на истата, обвинението на овој роман како чисто генијален е заслуга на неговиот автор - атеистичкиот егзистенцијалист Сартр.

Антоан Рокентен, едно мало француско градче и чувство на тегобност, гадење, мачнина, празнина... Рокентен се обидува да го разбере ова чувство и почнува до води дневник...

Книгата е литерaтурен бисер од дневникот на Рокенте, неговото спознание дека чувството на тегобност произлегува од животот, постоењето, бесцелноста и на крајот смртта.

Немам намера да ви го прераскажувам дејствието бидејќи ниту во милион години нема да ја доловам литературната генијалност на Сартр. За мене тоа би било сквренавење на едно ремек дело.

«ПочетокПред1234СледноКрај»
Страница 2 од 4