
ИНЗВОРЕДНО, МАЈСТОРСКО НАПИШАНО!!! Мислам доволно се овие зборови да ги прочитате и веднаш да заклучите дека романот, како што би се рекло на англиски „blow my mind“: „Ќе ви плукам на гробовите“ е динамичен, реален, напнат роман, совршено напишан. Како изнвореден спој на болка, гнев, горчлив и реален стил, романот претставува и длабока парабола за човековата слобода.
По неговото објавување, беше прогласен за порнографски. Поради ваквата констелација мое мнение е, знаејќи дека книжевно-уметничко дело подлегнува исклучиво на книжевната естетска критика - неизбежно е романот ,,Ќе ви плукам на гробовите“, да се разгледува и во еден контекст што е битно социјален, политички и културен.

Девојчето: Зарем ова е онаа големата, дебела книга, со мнооогу страници? Библиотекарката: Паа... Не. Мислам, да. Книгата ете гледаш е околу 500 страници, но... Девојчето: Уфф... Па, тоа е тооолку многу. Сигурно има безначајни описи и којзнае колку вртења околу едно та исто. Ве молам, дадете ми некоја со помал број страници, некоја која нема да ме исплаши со својата големина и ќе ме натера за брзо време да ја прочитам...
Така започнува приказната за книгата, која никој не би ја ни побарал, а не би ја ниту зел, доколку не би знаел чиј е потписот оставен на неа. Тоа е приказна чија надворешна големина е многу помала од онаа внатрешната. Страниците не означуваат ништо додека не бидат прочитани.

Како човечки креатури секојдневно талкаме по нешто неодредено. Нешто кое подоцна би го именувале како среќа, задоволство, нешто на кое би го сосредоточиле нашето внимание и би се чуствувале исполнето толку колку што и е потребно на нашата душа. Меѓутоа, сите ние сме само шаховски фигури немарно фрлени на своето бело или црно поле. Нашите содружници се оние кои први го слушнале нашиот плач, кои први се восхитувале на нашето ползење, а кои секогаш ќе го бодрат нашиот успех. Тоа секако е нашето семејство.
Но, што се случува кога најверниот преминува во најневерниот? Онаа која до вчера си ја сметал за мајка, веќе денес нема ниту една буква од толку слаткоречивиот збор.

Албатрос е збирка поезија на францускиот поет Шарл Бодлер. Причината зошто ја пишувам оваа статија, не е навистина зашто сум голем љубител на поезијата, туку едноставно сметав, дека на страна, како сакам книги, треба да обрнеме внимание да ги опфатиме сите жанрови на литературата.
Книгата претставува врвно достигнување во светската лирика, со што сметам дека секој љубител на книгите, би требало да ја прочита.
Шарл Бодлер работел на ова дело повеќе од 25 години. Тој, всушност, постојано ја надополнувал збирката, обидувајќи се да достигне некое ниво на свеста, каде симболички ќе ги открие сите тајни врски меѓу предметите и појавите.