Најнови статии

  • Мојот Маж - Румена Бужаровска
    Мојот Маж - Румена Бужаровска Ова се приказни раскажани од жени. Но, не се и приказни за задоволни жени. Тоа е нешто што авторката, Румена Бужаровска, го нагласува при опишувањето на оваа книга. Овие жени живеат навидум исполнети животи со своите сопрузи, деца, родители. Сепак…
    Коментирај Повеќе
  • Повторно дома - Анти Тури
    Повторно дома - Анти Тури По многу години поминати во Америка, Ерки Хакала, на четириесет и пет години, повторно се враќа во својот роден град, во Финска. Принуден од даночните власти да емигрира во Америка, поради ткајачницата и пропаѓањето на бизнисот, сега кога делото против…
    Коментирај Повеќе
  • Урбани Херои
    Урбани Херои Читајќи ја Урбани Херои од Драган Таневски, во една работа бев повеќе од сигурна, а тоа е дека македонската литература била доста сиромашна сè до сега. Драган Таневски - ново име во македонската литература, нова ѕвезда-талент која допрва треба да…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Оцена
(50 оцени)

Вујко Вања

„Едноставноста на Чехов е таква што понекогаш од неа нѝ станува тешко. Ти се чини, само уште еден чекор по тој пат и крај на уметноста, крај на самиот живот...“ (Мерешковски)

Секогаш сум мислел дека Чехов е многу тежок писател... Но токму во ова дело се открива неговиот импозантен талент за правење лирска драма... Доказ дека со псевдонимот си обезбеди светла ѕвезда на руското литературно небо е драмата „Вујко Вања“. Таа е излезена од перото на славниот реалист-натуралист Антон Павлович Чехов и претставува една безвременска пиеса во четири чина во којашто лирското јас преовладува долж 100-те страници. Иако со само 9 карактеристични лика, насликани од натуралистот Чехов, само 2 лика се маргинални (дадилката и работникот).

Оцена
(7 оцени)

„Шарена спирала во мала стаклена топка – ете како јас го гледам својот живот. “ - Владимир Набоков

Кога првпат ми го дадоа да го читам Набоков, признавам, бев скептична поради среќавањето со овој, досега непознат за мене, старец. Така го викам, од милост. Почнувам да го читам... и одеднаш се наоѓам во тотално нов свет, свет на испреплетеното, неразбраното. Добив шок, искрено. Шок кој е резултат на наидување на сосема поразличен стил од сето досега прочитано. „Достигнувајќи се себеси, премина во трпезаријата...“

Ментално доживување, преминување во натсетилното, а сепак чувствуваш дека си овде. Достигнување на идеалот, а сѐ уште знаеш дека си смртен и грешен.

Оцена
(10 оцени)

Татковци и синови

Иван Сергеевич Тургењев (1818-1883) бил руски раскажувач и романсиер, еден од најзначајните претставници на рускиот реализам. Славата ја стекнал со „Ловечки записи“ каде го критикува експлоататорскиот однос кон закрепостените селани. Потоа ги пишува помалите романи „Еден месец во село“ (1855)  и „Рудин“ (1856) кои паралелно се преведуваат на сите поголеми европски јазици. Иако се покажал како извонреден романсиер, сепак се смета како ненадминлив во лирското раскажување.

Романот „Таткови и деца“ напишан во периодот помеѓу 1860 и 1861 година, а објавен во 1862 година претставува своевиеден преседан и во руската, но и во светската книжевност. Освен генерацискиот јаз, Тургењев ги прикажува и спротиставените друштвени струи во тоа време, а тоа се европеизмот и негација на сѐ што е руско од една страна и традиционалистите од друга страна.

Оцена
(14 оцени)

Бесови

Најтемен, најмрачен, најнегативен, едноставно „најдостоевски“ романот на големиот Достоевски во кој не постои светол и надежен лик како контратежа на ликовите со замрачени умови и души. Овде се пророчки насликани само ликовите кои пред сѐ ја заборавиле љубовта кон себеси, а потоа и кон другите. Ликови кои го убиваат човечкото во себе, па дури и Божјото семе кое Апсолутот го посеал во секое живо суштество.

Достоевски во овој политичко-философски роман како да ги најавува размислувањата и одговорите за своите „проклети“ измачувачки прашања кои најмаестрално ќе ги изнесе во својата последна книга „Браќата Карамазови“. Иако би било грубо и аматерски да се прават паралели меѓу овие две дела, сепак нема да биде погрешно доколку се изведе заклучокот дека Николај Ставрогин му претходи на уште покомплицираниот лик на Иван Карамазов.

Page 1 of 7

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter