Најнови статии

  • Дух- Даниела Стил
    Дух- Даниела Стил Иако насловот асоцира на некоја добра хорор приказна, овој роман на Даниела Стил е далеку од тоа. Напротив, не само што нема да ве исплаши, туку и ќе ви одржи лекција за животот, љубовта, надежта, насилството врз жената, изневерувањето, но…
    Коментирај Повеќе
  • Мрачни места - Џилијан Флин
    Мрачни места - Џилијан Флин „Имам некоја злоба во мене, вистинска и реална како орган. Исечи ми го стомакот и можеби ќе излезе, месеста и темна, ќе се лизне и ќе падне на подот за да можеш да ја згазнеш. До крвта на семејството Деј…
    Коментирај Повеќе
  • 50 начини да го пронајдеш вистинскиот - Луси-Ен Холмс
    50 начини да го пронајдеш вистинскиот - Луси-Ен Холмс Три години и девет месеци без дечко. Нема среќа во работата. 365 дена без секс. А и нема среќа во љубовта... Среќата баш не ја сака Сара Сарџент, а и како врв на сè, после пет месеци собирање храброст да…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Оцена
(109 оцени)

Лидер без титула - Робин Шарма

Морам да признаам дека читањето на оваа книга беше вистински предизвик за мене. Основна причина за тоа беше фактот што не бев воодушевена од претходните дела на авторов, но не одолеав на книгава при последната посета во книжарницата од две причини.

Првата, бидејќи сакам книги и сакам да читам и втората, онаа уште посубјективната, е дека сум непоправлив оптимист. Значи, токму тој мој вроден оптимизам ме натера да ја купам книгава и да му дадам уште една шанса на авторот. Но, ќе дојдам и до финалниот став-почекајте најпрвин на кратко да ве воведам во најновото дело од Шарма на нашиве простори.

Титулите носат моќ.

Оцена
(82 оцени)

Малиот Ханс - Зигмунд Фројд

Како голем обожавател на психологијата, сметам дека мора да напишам статија за последната книга која ја прочитав од Сигмунд Фројд.

Ова не е книга на која ќе плачете или ќе се смеете, нема романси и интересни заплети, но тешко се остава кога ќе се започне да се чита. Во оваа книга Фројд го опишува случајот на малиот Ханс кај кој се јавува анксиозност, не сака да ја напушти куќата, се плаши од коњи и е премногу приврзан кон мајка си. Откако пробале сè, неговиот татко ќе го доведе кај Фројд и ќe бара помош.

Фројд ќе биде заинтиргиран од случајот и тука почнува нашата приказна или поточно кажано псиихоанализата.

Оцена
(275 оцени)

Понатаму по патот по кој поретко се оди - М. Скот Пек

Не можам да ви опишам колку бев пријатно изненадена и среќна кога видов дека Наша Култура го имаат издадено и ова дело на Морган Скот Пек. Бидејќи неговата претходна книга “Патот по кој поретко се оди е моја своевидна Библија, разбирливо е што морав да ја имам и оваа книга.

Она кое најмногу ми се допаѓа кај овој автор е тоа што успешно ги сплотува науката т.е. психологијата и религијата, создавајќи дела кои не се конфронтираат со традиционалното (т.е. религијата) и модерното (психологијата и секоја егзактна наука генерално). Нее ни чудо тогаш, што бил подеднакво успешен психијатар, писател, па дури и духовен учител. Сѐ уште не можам да верувам дека веќе не е во оваа димензија.

Оцена
(200 оцени)

Добиваат сите што играат - Д. Р. Гилберт

Дали сте родени за лидер?

Дали сте послушен следбеник?

Или себеси се доживувате како губитник?

Сеедно во која група се пронаоѓате, сигурна сум дека оваа книга ќе ви се допадне. Она кое авторот ќе ви го понуди во делото се ефикасни начини за подобрување на квалитетот на вашиот живот.

Тој ќе успее да ви објасни како менувајќи го вашиот СТАВ, вие ќе го зголемите нивото на мотивираност, кое пак неминовно ќе доведе до ваша промена на подобро, правејќи ве врвен играч во играта наречена ЖИВОТ.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter