Најнови статии

  • Законот на привлечност - Н.М. Силбер (Заљубени правници #1)
    Законот на привлечност - Н.М. Силбер (Заљубени правници #1) Двајца адвокати се заљубија во судницата. Габриел Гинсберг е јавен бранител со челични нерви и Брејдан Пиерс е помошник јавен обвинител со огромна самодоверба. Габриел го сака Брејдан и Брејдан ја сака Габриел. И Камерон ја сака Габриел. И Марла…
    Коментирај Повеќе
  • Сведок - Нора Робертс
    Сведок - Нора Робертс Таа ноќ започнува со краткотрајната младеначка побуна на Елизабет со фарба L’Oreal Pure Black, скратување на косата и фалсификувана лична карта, а ќе заврши во крв. После 12 години, на периферијата од малиот град во Озаркс, во куќа со најсигурни…
    Коментирај Повеќе
  • Патување од сто чекори - Ричард С. Морејс
    Патување од сто чекори - Ричард С. Морејс Чуден е животот. Хасан потекнува од сиромашно семејство кое полека, со успешна работа, од малечка гостилница, стигнува до тоа да поседува ексклузивен ресторан во Бомбај. Уште од мал живеејќи над гостилницата и растејќи со мирисите на зготвените специјалитети почнува да…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Оцена
(26 оцени)

Принцеза под рефлектори

Ова изгледа ќе биде мојата последна статија од овој серијал, бидејќи толку имам прочитано. Но се надевам дека во догледно време, ќе прочитам некој нов дел и ќе го збогатам сајтов со уште една статија. Оваа книга е второто продолжение на серијалот „Дневниците на принцезата“ на Мег Кебот. Откако Миа открива дека е принцеза во првиот дел, таа ја одбегнува јавноста. Но, мора да се навикне на тоа да зборува во јавност и тоа лично за неа.

Мајката на Миа доаѓа со една новост, среќна или застрашувачка? Сепак ќе биде првото. Хелен Термополис е бремена! Повторно ќе одгледува дете како самохрана мајка! А таткото е, секако, Френк Џанини. Миа е вџашена. Зошто неа мора да ѝ се случуваат вакви нешта? Секогаш нешто ненормално ѝ се случува!

Оцена
(17 оцени)

Принцезата на забава

Седмото продолжение од „Дневниците на принцезата“ од Мег Кебот е оваа книга. Има мали продолженија измеѓу, но тие не се преведени на македонски јазик и не сум ги прочитала. Но да се вратам. Мајкл ја повикува Миа на забава каде ќе бидат присутни студенти и студентки. Но, Миа никогаш не била на таква забава.

Таа не знае ни како да се однесува на такви забави! Што ќе прави?! Не, нема да оди. Не може да оди некаде каде не знае како да се однесува.

Или ќе оди, сепак? Таа не е спремна за забави и такви работи, ниту некогаш била некаков тип за забави. Но, мора тоа да го стори. Заради Мајкл. Тој е сега студент и не смее да има девојка принцеза што не знае како да се забавува.

Оцена
(14 оцени)

Принцезата на часови за принцеза

Шестото продолжение на серијалот „Дневниците на принцезата“ од Мег Кебот е оваа книга. Миа ја започнува својата втора година во гимназијата „Алберт Ајнштајн“, но е сосема безволна бидејќи Мајкл го нема. Да, тој ја започнува својата прва година во Колумбија, колеџот. Единствена радост на Миа е нејзината нова професорка по англиски јазик, г-ѓица Мартинез, која изгледа многу симпатично. Лили и Борис раскинале, па Лили е во депресија поради тоа.

Но, Лана ѝ го уништува животот на Миа. По кој пат, ќе се прашате? Миа не може ни да ги брои. Таа ѝ вели дека момчињата на колеџ бараат од нивните девојки да го направат „она“. Миа останува запрепастена. Таа воопшто не е спремна на таков чекор. Очекува тоа да биде многу подоцна, во иднината, можеби после матурата.

Оцена
(25 оцени)

Вљубената принцеза

Вљубената принцезата е третото продолжение од серијалот „Дневниците на принцезата“ од Мег Кебот. Во овој дел од серијалот Миа треба да го помине Денот на благодарноста во кругот на семејството на г. Џанини, нејзиниот професор по математика, и сега мажот на мајка ѝ која очекува негово дете. Да, ноќна мора за Миа.

Миа се чувствува ужасно. Навистина ужасно. Нејзино момче сега е Кени, нејзиниот партнер по биологија, кој ѝ праќаше љубовни писма (анонимни) за кои таа мислеше дека се од Мајкл. Од друга страна пак, се испитите кои ја мачат за крајот на годината, а ни баба ѝ не ја остава на мир со часовите за принцеза.

Но, Миа не го сака Кени. Таа го сака Мајкл. Но изгледа дека Мајкл не ја ни погледнува. А зошто?

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter