Нешто Ваше...

Книга и Филм

Најнови статии...


Богови и херои во грчката и римската митологија
Го држев лаптопот в рака и ги разгледував книгите на моите полици, б...
Семејството Корлеоне - Ед Фалко
За љубителите на филмовите Кум (1,2,3) или книгите на Пузо, оваа книга е...
Љубичица...
Како навистина да има крилја низ моето тело таа постојано лета, во се...

Оцени ја книгата
(53 Оцени)

Хари Потер и Редот на фениксот - Џ. К. Раулинг

Дамблдор ги спушти дланките и Хари преку очилата во облик на полумесечина го одмери. "Време е - рече тој - да ти го кажам она што требаше да ти го кажам пред пет години, Хари. Седни, те молам. Ќе ти кажам се'".

По неочекуваниот летен напад од Дементорите, Хари е обвинет за незаконско користење магија. Со малку среќа, но и со огромната поддршка од Дамблдор, тој е ослободен од обвинението и може слободно да се врати во Хогвортс.

Но, нешто се сменило.

Зошто Дамблдор не му зборува? Тој имаше толку работи да му каже...


Оцени ја книгата
(524 Оцени)

Хари Потер и Пламениот пехар

Четвртото продолжение од серијата книги за Хари Потер, детето волшебник, насловено како Хари Потер и Пламениот пехар, не води во четвртата година на Хари Потер во Хогвортс, училиштето за магии и вештерство.

Исто толку забавна како и претходните три, оваа книга ни ја донесува приказната за Тробојот, борбата за Тробојскиот пехар меѓу трите училишта: Хогвортс, Дармстранг и Бобатон. За оваа борба секој ученик над 17 години од овие три училиште кој сака да учествува на турнирот го става своето име во Пламениот пехар. Пехарот потоа избира по еден ученик од секое училиште кој ќе се натпреварува.

Но, оваа година Хогвортс ќе има уште еден неочекуван учесник на турнирот, кого го демне многу поголема опасност од онаа на турнирот...


Оцени ја книгата
(408 Оцени)

Галебот Џонатан Ливингстон - Ричард Бах

Оној што лета највисоко, гледа најдалеку.

Накратко, ова е премисата на оваа прекрасна книга. Книга што мора секој да ја прочита. И тоа повеќе пати. Со секое читање ми се чини дека сè повеќе го откривам галебот во мене. Желбата да се биде повеќе, да се направи повеќе е она што го движи светот напред.

Секојпат, во некој период од времето има понекоја личност која за другите е чудна, налудничава и најчесто осудувана и отфрлана од сите.

Но секојпат тие се оние кои го газат натрупаниот снег и прават патека за оние по нив, за оние кои се доволно храбри да ги следат.


Оцени ја книгата
(542 Оцени)

Хари Потер и Затвореникот од Азкабан - Џ. К. Раулинг

Хари Потер и Затвореникот од Азкабан е третото продолжение на популарната приказна за младиот волшебник во која е опишана третата година на Хари во училиштето за магии и вештерство - Хогвортс.

Откако неговата тетка Марџ од необјасниви причини ќе се надува и ќе одлета, Хари е обвинет за тоа. Тогаш на Хари сè му доаѓа преку глава и си заминува откај Ситникоски. Патем налетува на Витешкиот автобус кој е најчудниот автобус што Хари го видел до сега. Таму дознава дека масовниот убиец Сириус Блек избегал од Азкабан и може да биде било каде.

Но, тој не знае кој е всушност Сириус Блек, и дека тој избегал од затвор за да го пронајде него и да расчисти некои сметки од минатото...

«ПочетокПред1112СледноКрај»
Страница 11 од 12