Најнови статии

  • И одеднаш едно лето - Џули Џејмс
    И одеднаш едно лето - Џули Џејмс Најновото од Џули Џејмс, најпрво во Македонија, а потоа во Америка и останатите земји низ светот! ТАА НЕ ВЕРУВА ВО ЉУБОВ И СРЕЌНИ КРАЕВИ... По една страшна драма во нејзиниот дом, Викторија е принудена да ја напушти својата куќа и…
    Коментирај Повеќе
  • Саем на книга 2015 - It's That Time Of The Year (05-11.05)
    Саем на книга 2015 - It's That Time Of The Year (05-11.05) Драги наши сакачи на книги, It's That Time Of The Year again и ние уживаме во секоја една напната, панична и избезумена секунда! Во тек се последните подготовки за саем, сите нови наслови се веќе спремни и испечатени, сите подароци…
    Коментирај
  • Прошетка по облаците - Ева Мари Еверсон
    Прошетка по облаците - Ева Мари Еверсон „Животот порано беше неописливо прекрасен. Полн со магија и можности. Полн со чуда и возбуда. Не постоеше ништо што не можев да направам. Не постоеше ништо што не можев да бидам. Не постоеше место каде што не можев да отидам.…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Малечката Фадета - Жорж Санд

Автор 
Оцена
(104 оцени)

Малечката Фадета - Жорж Санд

19 век, рурална средина, Франција.

Двајцаблизнаци Ландри и Силвине растат заедно, постојано се заедно, сакаат исти работи, прават исти работи, тие - неразделни се.

Кога полнат дванаесет години нивните родители решаваат да ги разделат.

Неподносливи страдања, многу измачувања, голема и уништувачка тага.

Ландри физичи и ментално појак од брата си брзо закрепнува, но брат му неизмерно страда, а тоа што го гледа Ландри дека е подобро повеќе му ја зголемува тагата која поминува во љубомора.

Во една ситуација на безизлез Ландри бара помош од една вдовица тетка Фиде, која ја бие лош глас. Тетка Фиде има внука позната како Малечката Фадета, неуредно девојче кое сака да се облекува како машко.

Таму некаде во падините на Франција се раѓа неизмерна љубов...

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Ок Марио,нема проблем.Изгледа погрешно се разбравме ! :)))))

    0 Like
  • Прекрасна книга,морам да признам дека сум ја читала одамна,уште во основно,и благодарам на Бисера што ме потсети на неа. Добро е што станала лектира,во право е Силвана што среќа имаат овие генерации :))) Задолжително сите да ја прочитаат!!!

    0 Like
  • да да,се согласувам со тебе!Ваквите книги е навистина жалосно ако останат непрочитани од новите генерации.Мене ми е мило што за нас беше задолжителна.Јас секако би ја прочитала,сепак,на училиште е подобро...

    0 Like
  • Најубавата лектира во средно. Навистина е задоволство да се чита ова дело!

    0 Like
  • Прекрасна приказна, лесна за читање.
    Чудно што ја даваат во 3та година средно, но како и да е, прочитајте ја :)

    0 Like
  • И тоа обавезно да ја прочитате:))

    0 Like
  • Ти благодарам Бисера, многу ми помогна.. :)

    0 Like
  • Хммм дури и заборавив дека ја имам читано книгава, добра е...

    0 Like
  • Книгава .. ми е за лектира .. и ја прочитав пред отприлиkа 2 часа. Можам само да кажам дека е една од книгите во која се раскажува за еден од најдобриот, главен лик. Можеби затоа што се пронајдов во книгата ... можеби е некоја поинаква причина... но дефинитивно ми остави белег. Ја препорачувам на секојда ја прочита. Се чита во еден здив за 2,3 часа:))

    0 Like
  • Сега е лектира за во средно? Постарите генерации како мене ја паметат како лектира во основно - ја обожававме книгата и сите сакавме да бидеме малечки Фадети :)

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter