Пленува со чудните слики на љубовта и доближувањето на љубовта и љубовното чувство со најдалечните поими и компарации. На тој начин авторот ни укажува дека љубовта е сепрожимачка, се јавува во многу облици и управува со целокупното човеково постоење и таа е онаа која може и го менува светот.
(Дел од стихозбирката „Дениција“)
...Ти ме призираш од небото и од земјата,
а мене никако не ми успева да ти кажам
дека и мојата смрт започнува по твојата
и дека блажено е да се живее, а поблажено да се умира
мислејќи само на тебе Дениција...
Ќе изминат можеби уште долги години, но сигурно ќе дојде ден кога Дениција на Петре М. Андреевски ќе се споменува, влегувајќи во светскиот фонд на поезијата посветена на љубовта и смртта, заедно, на пример со Беатриче, или Маргарета, со Лорелај или со Татјана итн.
... Прекрасна Стихозбирка !








