Најнови статии

  • Ајде да ти раскажам-Хорхе Букај
    Ајде да ти раскажам-Хорхе Букај Што треба да направиме за да бидеме среќни? Според Хорхе Букај, за да тргнеме по вистинскиот пат треба да си одговориме на следните прашања: Кој сум? Каде одам? Со кого? Не треба патот да нè определува кои сме, ниту пак…
    Коментирај Повеќе
  • Ќерката на математичарот - Венко Андоновски
    Ќерката на математичарот - Венко Андоновски ‚‚Значи, овој чуден роман го напишаа моите ликови Црвенокосата, Русокосата и Чарли Хит (од Вештица). Тие незадоволни од ролјите што сум им ги доделил таму, решиле самите да си определат судбини, определувајќи си нова тема, за која секој од нив…
    Коментирај Повеќе
  • Гласови од мртвите - Јохан Теорин
    Гласови од мртвите - Јохан Теорин Во потрага по нешто добро скандинавско за да сменам малку, налетав на Јохан (Џохан) Теорин, Швеѓанец кој го фалат како добар автор, па решив да прочитам нешто од него и се одлучив за првата книгата од неговиот серијал Оланд –…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Затоа што те љубам - Гијом Мисо

Автор 
Оцена
(1143 оцени)

Затоа што те љубам - Гијом Мисо

Не сме ние тие кои ги зборуваме зборовите. Зборовите се тие кои зборуваат за нас!!!

Мојата статија ќе ја започнам токму со овој афоризам. Понекогаш доволни се само зборови, или пак дела за да нѝ покажат нам, а и на другите кои сме ние всушност.

Дали сме оние борбени и истрајни луѓе кои се спремни да поминат низ секоја пречка за да го вкусат задоволството, среќата и успехот во животот, или пак луѓе кои ќе се скршат на првата пречка и ќе ја загубат својата самодоверба и желба за понатаму?

Како малата Лајла успеа да ги спои сите ликови во книгата? Како нејзиното исчезнување влијаеше врз сите нив? Колку далеку тие отишле за да ја зачуваат надежта за љубовта?

Лајла е петгодишно девојче кое мистериозно исчезнала и за кое немало трага цели пет години. По пет години таа се појавува повторно, но дали нејзиното појавување е случајно или носи некаква порака? Колку животот на сите ликови ќе биде променет заради малото девојче? Дали тие имаат нешто заедничко? Дали е полесно да се прифати реалноста или пак, некогаш полесно е да живееме во илузија? До каде е спремен човековиот изум да оди за да го спаси човештвото?

Не би сакала да ви откривам ништо детално за ова дело. Делото само по себе зборува само доколку го прочитате. Секој дел предизвикува нов интерес кај читателот. Нема да ви дозволи ниту да трепнете. Секој завршеток на еден дел ве провоцира да продолжите да го читате и следниот.

Оваа драма постојано ве вовлекува во мистеријата и ве држи во неизвесност. Ова е книга која невозможно е лесно да ја заборавите.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • kade da ja najdam knigata ve moalm koj znae da mi kaza bas bi sakal da ja procitam.....

    0 Like
  • duri sega uspeav da ja najdam i ja procitav vo eden den. Prekrasna kniga koja navistina vredi da se procita

    0 Like
  • Ја добив како подарок за роденден, дефинитивно најубавиот подарок до сега. Прекрасно дело проследено со возбудливи настани, нема да ве остави рамнодушни.

    0 Like
  • Гијом Мисо и тука (како и воопшто) е мајстор на зборот

    0 Like
  • Не сум личност која сака вакви книги,но многу ми се допадна,и мислам дека нема девојка која не ја прочитала книгава

    0 Like
  • Гијом Мисо за мене е еден од најдобрите автори. Не затоа што сите книги му се одлични, туку затоа што се различни. Кога ќе земам негова книга во рака не знам што ме очекува на страниците, дали книгата ќе влезе во листата на моите омилени книги, или ќе биде едно големо разочарување? Токму поради ова ги имам прочитано речиси сите негови книги и колку и книги да има никогаш нема да ми се здосади.

    Конкретно за оваа книга дефинитивно е најдоброто нешто што излегло од неговото перо. Книгава ме фасцинираше, ме остави занемена и морам да кажам дека ниту една друга негова книга не успеа да ја надмине оваа.

    Ми се допаднаа сите ликови, без исклучок, нивната трансформација е одлична, емоциите не можат, а да не го преплават читателот, едноставно книгава има сè.

    Крајот ми беше крајно неочекуван и ме остави со подотворена уста, а таквите книги веќе се ретки.

    Ова е една целосна книга и доколку се уште не сте ја прочитале ве советувам веднаш да го направите тоа.

    За крај, ве оставам со една преубава мисла од книгава:
    "Таму каде што се љубиме никогаш не е ноќ..."

    1 Like
  • "Затоа што те љубам" и "А потоа" ми имаат оставено премногу силен печат, навистина бев воодушевена. Сите книги од Мисо кога ги добив на подарок како комплет но откога ги прочитав овие две, останатите не ме фасцинираа толку.

    0 Like
  • - Постојат многу спомени, само што некој ги наелектризирал и ги закачил на нашите трепки, па штом ќе почнеме да мислиме на нив, очите не печат.
    - Ние сме како оревот, мораме да бидеме скршени за да не запознаат.
    - Кога се плашиш дека ќе ги изгубиш оние кои ги љубиш, тогаш си ранлив. Слаб си, можат да те повредат така што ќе ги повредат твоите најблиски.

    0 Like
  • Првата книга од Гијом Мисо што ја прочитав. Одлична, само малку на крајот се разочарав, очекував друг крај.

    0 Like
  • Прва книга на Гијом Мисо која ја зедов во раце, но секако нема да биде и последна. Едно големо БРАВО за авторот кој до последен миг не ни го открива крајот на книгата. Преубава книга која вреди да се прочите. :)

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter