Најнови статии

  • Мрачни места - Џилијан Флин
    Мрачни места - Џилијан Флин „Имам некоја злоба во мене, вистинска и реална како орган. Исечи ми го стомакот и можеби ќе излезе, месеста и темна, ќе се лизне и ќе падне на подот за да можеш да ја згазнеш. До крвта на семејството Деј…
    Коментирај Повеќе
  • Љубовникот на куртизаната - Габриела Ким
    Љубовникот на куртизаната - Габриела Ким Кога еден од нејзините поголеми покровители, коњичкиот капетан во Кралскиот Полк Кристофоро, гроф Ди Беневенто заминува, најпознатата и најпрекрасната од сите куртизани во Неапол мора да прифати друг покровител кој ќе може да се грижи за неа и за нејзините…
    Коментирај Повеќе
  • Животот е на друго место - Милан Кундера
    Животот е на друго место - Милан Кундера Прв роман на Милан Кундера кој сакал да го нарече Лирска доба како синоним за младоста, а токму овој роман е епопеја на младоста, поезијата и револуцијата. “Животот е секогаш онаму каде ти не си.” – се спомнува на едно…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Процес - Франц Кафка

Автор 
Оцена
(116 оцени)

Процес

Со самиот факт дека животот има свој крај, тој е бесмислен. Тој е патување, а крајната дестинација е смртта. Патување во неизвесност, но сепак го живееме. Се судруваме со светот кој нѐ опкружува, кој нѝ е непознат колку и да го осознаваме, ние сме само патници во пустина кои гледаме во фотоморгана и колку и да се приближуваме таа се оддалечува од нас. И повеќето талкаат кон неа сe додека не умрат или пак некои се откажуваат од неа и едноставно запираат.

Тој момент кога ние ќе се судриме со бесмисленоста на светот и на животот ние го доживуваме апсурдот. Откако ќе го сфатиме апсурдот прашањето е дали ќе се помириме со него или пак ќе се бориме против него?

Една од овие две варијанти е одговор за апсурдот на Јозеф К. главен лик во романот "Процес" од Кафка. Осамен лик, кај кој општеството придонесува за неговата осаменост. Станува збор за едно бирократизирано општество, каде постои хиерархија и каде целото општество е всушност судството. Во вакво апсурдно општество Јозеф К. има судски процес и е осуден на смрт. Kај него постои чувство на безнадежност, самиот се обвинува, се осудува, без излез, па дури помислува на тоа дека треба самиот да се убие да си ја изврши казната, но не сака да ја заврши и таа работа на власта.

Дали Јозеф ќе успее да се бори против целото апсурдно општество? Ќе ја има ли таа моќ? Не сите романи имаат среќен крај и не секогаш главниот лик ја донесува правилната одлука. Пораката ќе ја издвоите сами. Дали ќе го осудите или оправдате одговорот на Јозеф за апсурдот, оставам на Вас.

И немојте да мислите дека ваквата одлука е лесна, многумина од нас не се свесни за апсурдот дека постои и дека треба да се бориме против него. Голем успех е да сме свесни за него, а уште поголем ако ја донесеме правилната одлука, да не бидеме рамнодушни, бидејќи рамнодушноста на луѓето убива.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Го обожавам Кафка,маестрално дело!

    0 Like
  • Го обожавам Кафка,маестрално дело!

    0 Like
  • jas licno ne go sakam mnogu Kafka,ma da imam mnogu procitano od nego.Od site negovi dela sepak najgolem vpecatok mi ima ostaveno tokmu romanot Proces.
    Psiholoski roman poln so apsurdnosti,nejasnosti protkaeni vo glavno preku glavniot junak Jozev K.Na koj duri Kafka samo polovicno mu go otkriva licniot identitet

  • п.с Симона,поздрав за твојот одличен избор на книги и статии..:)

    0 Like
  • п.с Симона,поздрав за твојот одличен избор на книги и статии..:)

    0 Like
  • Благодарам Симона за поздравот, голем поздрав и до тебе, не дека е до името, но и ти имаш одличен вкус за книги. ;))))))

    0 Like
  • Благодарам Симона за поздравот, голем поздрав и до тебе, не дека е до името, но и ти имаш одличен вкус за книги. ;))))))

    0 Like
  • Да бидам искрена, средношколското посветување на книгава е сосема погрешно стационирано во хронологијата на сениорските настани, пред самиот крај на средното образование - неспосредно пред славењето матура, да се има на мени еден наметнат поттик за крајно зрело размислување кое води кон точка на апсолутен апсурд.
    Иако не според овие побуди, најгласна бев на часовите по литература (и остра критика), дека после Кафка, и Ками ми беше мил..

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 

Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.

contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter