Најнови статии

  • Дух- Даниела Стил
    Дух- Даниела Стил Иако насловот асоцира на некоја добра хорор приказна, овој роман на Даниела Стил е далеку од тоа. Напротив, не само што нема да ве исплаши, туку и ќе ви одржи лекција за животот, љубовта, надежта, насилството врз жената, изневерувањето, но…
    Коментирај Повеќе
  • Мрачни места - Џилијан Флин
    Мрачни места - Џилијан Флин „Имам некоја злоба во мене, вистинска и реална како орган. Исечи ми го стомакот и можеби ќе излезе, месеста и темна, ќе се лизне и ќе падне на подот за да можеш да ја згазнеш. До крвта на семејството Деј…
    Коментирај Повеќе
  • 50 начини да го пронајдеш вистинскиот - Луси-Ен Холмс
    50 начини да го пронајдеш вистинскиот - Луси-Ен Холмс Три години и девет месеци без дечко. Нема среќа во работата. 365 дена без секс. А и нема среќа во љубовта... Среќата баш не ја сака Сара Сарџент, а и како врв на сè, после пет месеци собирање храброст да…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Првиот последен бакнеж - Али Харис

Автор 
Оцена
(72 оцени)

Првиот последен бакнеж - Али Харис

Како се задржува љубовта која полека ви се лизга низ прсти?

Може ли човек да го заборави минатото кога знае што носи иднината? И каде се наоѓаат сили кога знаеш дека секој бакнеж е одбројување до збогување?

Првиот пат кога Моли го бакнува Рајан, таа уште веднаш знае дека тие ќе бидат заедно засекогаш. Шест години и илјадници бакнежи подоцна, Моли е мажена за човекот кој го сака. Но денес, додека Рајан ја бакнува, Моли сфаќа колку многу бакнежи залудно потрошила и загубила, бидејќи иднината носи нешто што ниеден од нив двајца не можел да го замисли и предвиди... 

Ова е приказната на Рајан и Моли, ова е приказната која ќе ви раскаже како се запознаваат, вљубуваат, изневеруваат, разочаруваат и разделуваат. Ова е приказна за љубовна афера. Ова е приказна која трае цел живот, а истовремено приказна која завршува прерано. Приказна која ќе ве насмее и расплаче. Приказна која ќе ви го скрши срцето со таква нежност што ќе молите за уште. Ова е приказна за еден прв бакнеж, но и за еден последен бакнеж...

Првиот последен бакнеж е идеална приказна за сите љубители на романтични филмови и песни, Али Харис дефинитивно и самата е голема љубителка на романтични филмови и судејќи според оваа книга, таа нема пропуштено ниту една романтична комедија во животот и голем дел од нив се споменуваат во овие страници. Оваа книга е напишана баш така, како да гледате романтичен филм, но како да премотувате нанапред-наназад, приказната се спојува по измешан редослед, а тоа ја прави уште поинтересна и понепредвидлива.

Зборувам за себе, но мислам дека и многу други ќе го делат моето мислење после читањето на книгата, кога велам дека оваа приказна е апсолутно прекрасна. Совршена комбинација на Еден ден на Николс и П.С. Те сакам на Ахерн. Има делови кои ќе ве насмеат, има делови кои ќе ве расплачат, има делови кои ќе направат да се чувствувате баш како да гледате филм, дејствата се толку живописни. Книгата оригинално е издадена оваа година, месец јануари, па самото тоа што излегува на македонски само некој месец подоцна треба да ви биде доволен показател за тоа колку ми се допаднала мене. Ова е една од оние книги кои ќе ги препорачувам на секоја пријателка, колешка, познаничка...

Сакам книги ви ја препорачува со чиста совест и цело срце - ова е книгата која не смеете да ја пропуштите во 2013 година!

Дополнителни информации

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Година на издавање: 2013 година
  • Број на страници: 400 страници
  • Цена на книгата: 390 денари
  • Ја има во: Топер, Три, Матица, Култура, Мамут, Тримакс

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Конечно успеав да ја начекам книгава и да ја прочитам.. Преубава е :)

    0 Like
  • Следна ми е на листата на читање. Едвај чекам да ја читам. Судејќи по статијата многу е убава. Браво :)

    0 Like
  • Ја зедов на одмор со уште неколку други, ама прво оваа почнав да ја читам... И се турив од плачење пред 20 души! Рајан - неверојатен, Моли исто така :)

    0 Like
  • Гостин - Сандра

    Дечки бе, што ми направивте со книгава:( Се одрав од плачење. МНОГУ убава книга, ја препорачувам на кој стигнам откако ја прочитав и мислам дека нема да престанам. Дај препорачајте ми нешто слично на ова:)

    0 Like
  • Сандра, прочитај ги П.С. Те сакам од Ахерн и Враќање дома од Стил (вторава не е многу слична со Првиот последен бакнеж, ама сигурно ќе ти се допадне). Нема да зажалиш :) :) :) :)

    0 Like
  • Прекрасно, апсолутно ме воодушеви книгава!Од се' срце ја препорачувам!Ивана ти благодарам за препораката а книгава морам да ја имам!!!

    0 Like
  • Јас уште не сум стигнала до книгава, ама читајќи ги коментарите и статијата едвај чекам да ми падне во раце.:)

    0 Like
  • И сум била во право.
    Книгава... Уф, кога ја дочитав ми беа потребни неколку моменти да се соберам. Многу, навистина многу ме трогна. Ама и ме натера да се замислам над мојата врска, колку време поминувам јас бакнувајќи го него. И сфатив дека не е доволно.
    Мислам дека тоа е најдоброто што една книга може да го направи, да влезе во твојот живот и да те промени, да те натера да согледаш некои работи и да ги исправиш грешките.
    А приказната за Моли и Рајан го прави токму тоа. Ви ги отвора ширум очите, за тоа колку е кратко времето и колку брзо лета, колку ние сме презафатени, како некои моменти ни се слизнуваат неприметно низ рака, но можеби ќе биде предоцна кога ќе го сфатиме тоа...
    Книгава ќе ми служи како константен потсетник на тоа понатаму во животот, оваа е една приказна која ќе си ја носам засекогаш со себе.
    Мора да ја прочитате, толку е едноставно.:)

    2 Like
  • Леле книгава...се изнаплакав за сите пари :) Приказната е прекрасна но и премногу поучна за оваа наша генерација која го живее животот премногу брзо и во постојана потрага по нешто подобро, а несвесна дека со тоа пропушта да го живее моментот. Додека ги читав последните страници кога и да помислев на мојот "тазе" сопруг буквално ја осеќав нејзината болка. Еве и сега пак шмркам, мислам дека книгава со денови ќе ме прогонува !!!

    0 Like
  • Јас се чувстувам засрамено што дури сега ја прочитав книгава ..Ја земав ама си седеше на полицата,покрај обврските морам да признаам дека имам повеќе не прочитани книги на полиците...Што да кажам а да не е кажано во претходните коментари ,Читателка како да ги искажа моите мисли по завршувањето на книгата ,книга која ја препорачувам на сите и која буквално ми го промени животот .Поздрав со Ивана и тимот на Сакам книги и се надевам на саемот ќе не изненадите со уште некоја вака прекрасна книга :D

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter