Најнови статии

  • Окото на црвениот цар - Сем Истланд
    Окото на црвениот цар - Сем Истланд Пекала е помладиот син од едно финско семејство (во времето кога Финска се уште била руска колонија). Татко му е погребник и на осумнаесет годишна возраст го испраќа постариот син Антон во Петроград да служи во Царската Финска Регимента. На…
    Коментирај Повеќе
  • Душата на скулпторот - Џејн Аркат
    Душата на скулпторот - Џејн Аркат Приказна за тоа како невозможното се остварува како резултат на нечии каприци претворени во манија. Еден свештеник е поразен од светлината и пејзажот на нему непознатата долина. Еден Kанаѓанец на сон го гледа каменот што ќе биде извајан за да…
    Коментирај Повеќе
  • Проектот Роузи - Грем Симсион
    Проектот Роузи - Грем Симсион Една од поинтересните книги за оваа година, забавна новела раскажана со необично шармантниот и социјално предизвикан глас на професор по генетика кој има невообичаена задача: да дознае дали е способен за вистинска љубов. Можеби вистинската љубов навистина може да промени…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Вујко Вања - Антон Павлович Чехов

Автор 
Оцена
(49 оцени)

Вујко Вања

„Едноставноста на Чехов е таква што понекогаш од неа нѝ станува тешко. Ти се чини, само уште еден чекор по тој пат и крај на уметноста, крај на самиот живот...“ (Мерешковски)

Секогаш сум мислел дека Чехов е многу тежок писател... Но токму во ова дело се открива неговиот импозантен талент за правење лирска драма... Доказ дека со псевдонимот си обезбеди светла ѕвезда на руското литературно небо е драмата „Вујко Вања“. Таа е излезена од перото на славниот реалист-натуралист Антон Павлович Чехов и претставува една безвременска пиеса во четири чина во којашто лирското јас преовладува долж 100-те страници. Иако со само 9 карактеристични лика, насликани од натуралистот Чехов, само 2 лика се маргинални (дадилката и работникот).

Судејќи според видот и карактерот на потенцијално активистичките лајт-мотиви врз кои е градено оваа дело, многумина сметаат дека Чехов можел да создаде подобро, поубаво и поинтригантно дело, со кулминација и со разврски кои водат до дното на бездната, од каде пак зрачи јад и гнев за лошо продадената душа...

Сепак, во оваа драма се слуша само еден истрел од пиштол и Војницки на сцената доаѓа со пиштол да го гони и да го убие Серебрјаков...

Некои поважни карактеристики на главните ликови ја сугерирале можноста и за криминални сцени, но основната мисла на писателот, им дава до знаење на читателите дека се работи за сосем поинакво дело на тогашниот „виновник“ за „Вујко Вања“ - човекот чиј псевдоним Антоша Чехонте, стави потпис на неговите иако скромни по обем дела, но сепак важни за руската литература!

Дали Војницки (Вујко Вања) е тој којшто треба да ги земе конците во своите раце и да ја победи судбината наречена „ЖИВОТ“ или Серебрјаков ќе биде тој којшто и понатаму ќе ја води семејната кавга и ќе ја доведе до амбис? Токму во таа семејна врска Чехов ја гледа иднината на ситемот наречен човештво.

Можеби Антон Чехов со својата вера и со своето неспокојство ќе помогне човештвото да се соземе пред да биде уништено од оние свои пронајдоци што произлегле од слепото мистично оружје на егоизмот и апсурдот...

Важен осврт Чехов прави во тоа што кај него се забележува една типизација на лик. Тој со своите ремек-замисли на еден типолошки начин ги „слика“ ликовите и им приуштува едно незаборавно и карактеристично тело и психофизички изглед кои навидум изгледаат како едни обични граѓани. Типичен пример за тоа е г-дин Војницки - кој е обичен граѓанин од дворјанска класа со многу пари. Елена Андреевна е обична жена со високи морали, но не доволно интелигентна. Соња - таа е мудра и паметна девојка која се заљубува во докторот Астров... Но Астров, циничен лекар, љубовта ја насочува токму кон Елена...

Серебрјаков пак е „разглобен“ просветен работник од ерата на егоизмот и апсурдот проткаени со некогашниот незаборав на социјализмот како општествено уредување... И така натаму со останатите ликови...

Така што мораме да споменеме дека Чехов со неговите драмски остварувања: „Галеб“, „Иванов“, „Три сестри“, „Вишнова градина“, „Вујко Вања“ тој е на страна на натурата во човекот - внатрешното свое јас кое како темел доаѓа до израз токму во драмата „Вујко Вања“. Токму Чеховите јунаци го живеат модернистичкиот живот и го рушат оној хегемонистички пораз, на суптилното, на мајсторската гротеска која преовладуваше во делата на: некогашните реалисти од XIX век: Толстој, Достоевски, Балзак, Стендал, Флобер, Емил Зола итн... Тука ликовите се реални, не се фиктивни. Тука ликовите се судираат со реални ситуации како: конвој, неспособност, лажливост, љубомора, завист, гнев, лутина, љубов, љубовен триаголник и сите психички проблеми кои ги задава општеството...

Чехов бил „гладен“ по копнежот на човекот по среќа и правото на таа среќа  - можноста на лична слобода и слободен избор се оние кои што се водилки на Чеховите ликови и идеали. Тие го отсликуваат она природното во нив со помош на лирската особеност - звучноста. Додека кај другите драми се сконцентрирани сите настани, испреплетени во мрежа, од експозиција до расплет, тука наоѓаме на нешто сосема спротивно! Тука нема кулминација и перипетии. Тука има само 4-ри чина и тие си течат нормално како, животна нишка.

Токму овој белег го прави различен од другите автори...

Кога, сите мислеле дека големите дела како: „Ана Каренина“, „Војна и мир“, „Злосторство и казна“, „Евгениј Онегин“, „Евгенија Гранде“, „Ревизор“, „Тарас Буљба“, „Нора“, „Клетници“, „Малечката Фадета“, „Чичко горио“, „Смртта на Иван Илич“, „Дневникот на Ана Франк“, „Понижени и навредени“, „Коцкар“, „Идиот“, „Браќа Карамазови“ биле испреплетени во сите реалистички и роматничарски периоди, „никнува“ една нова млада фиданка во литературата со едно име: Антон Павлович Чехов.

Топла препорака до оние кои што се љубители на натурата...  Дозволете натуралниот дух да ве поведе низ искушенијата што Чехов успеал пред 2 века да ги напише... Со топла препорака до сите читатели... И покрај тоа што е училишна лектира, таа е задожителна лектира на сите љубители на драмското творештво...

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Нема пронајдени коментари

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter