Најнови статии

  • Совршено несовршен пар - Сузан Елизабет Филипс
    Совршено несовршен пар - Сузан Елизабет Филипс Хит Шампион има поминато голем и мачен пат за да се издигне на врвот, почнувајќи од бедното детство во приколка со татко пијаница. Најдобриот и најуспешниот спортски агент во градот не се срами од своето минато, напротив, тој се гордее…
    Коментирај Повеќе
  • Допирот на музиката - Дафне Калотеј
    Допирот на музиката - Дафне Калотеј Платон рекол: „Затоа што хармонијата е симфонија, а симфонијата е хармонија, затоа музиката премногу се занимава со начелата на љубовта.“ Па можеби и е во право! Иако не потекнува од музичко семејство, нејзините родители не се музичари, Реми е успешна…
    Коментирај Повеќе
  • Последната пролет во Париз - Јелена Бачиќ Алимпиќ
    Последната пролет во Париз -  Јелена Бачиќ Алимпиќ “Последната пролет во Париз“ е третиот роман на авторката на бестселерите “Рингишпил“ и “Писмото на госпоѓа Вилма“, Јелена Бачиќ - Алимпиќ. Овој роман претставува емотивна приказна за судбината на емигрантите од царска Русија, за мрачниот свет на предавството, верноста кон…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Улавите години - Бранко Копиќ

Автор 
Оцена
(454 оцени)

Улавите години

Уште една книга од чии спомени се навлегува во детството...

Прекрасна приказна од раните години на минатиот 20-ти век во бивша Југославија. Во оригиналот е наречена „Магарешки години“, а во превод на македонски, „Улавите години“. Да, оваа приказна баш ги опишува тие луди години. Време на заљубување, скршени срца и нешто друго.

Локацијата е сместена во Босна, во интернат, а приказната е раскажана од аспектот на едно дете кое ќе биде дел од „конвикташите“.

Посебно време им се посветува на неговите другари, како на пр. Бајо и неговата „љубoв“ Зора, новодојдените близнаци и нивните легендарни авантури.

Дуле Дабиќ Ајдукот и неговата способност со клучевите, но и неговата постојана желба за храна, кој постојано употребува „Брате слатко“, безбројните доживувања кои ќе ги поминат во интернатот, во мир, сè додека не дојде војната.

Децата во оваа книга се преокупирани со проблеми на нивна возраст, како да го измамат професорот, или неговиот најдобар ученик, да ја уништат онаа „црна книга“ што им ги уништува нивните животи, нивната снаодливост и памет и огромен број на смешни моменти кои ја надополнуваат оваа книга.

На крајот од книгата е даден список на тоа каде и како го дале својот живот за слободата на својата татковина, а некои и можеби останале живи во војната...

Па, не двоумете се, земете ја книгата во раце и прочитајте ја повторно и обновете ги вашите спомени од детството.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.

Луѓе во овој разговор

  • Одлично потсетување на оваа одлична книга, која верувам дека во најскоро време пак ќе ја препрочитам. Супер статија и поздрав!

    0 Like
  • Ех, секој има спомени од детството, штета што сега децата нема да имаат спомени за вака добро другарство. Јас си ја прочитав пред неколку недели и се смеев исто така слатко како пред многу години кога сум ја читала. Браво Софија за изборот!

    0 Like
  • Гостин - ЕЕЕЕЏ0ИИ

    :D:o:o:p:p:p:(;);):):):):p:(:p:o:o:D:p:p:p:p:p;)

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter