Најнови статии

  • Совршено несовршен пар - Сузан Елизабет Филипс
    Совршено несовршен пар - Сузан Елизабет Филипс Хит Шампион има поминато голем и мачен пат за да се издигне на врвот, почнувајќи од бедното детство во приколка со татко пијаница. Најдобриот и најуспешниот спортски агент во градот не се срами од своето минато, напротив, тој се гордее…
    Коментирај Повеќе
  • Допирот на музиката - Дафне Калотеј
    Допирот на музиката - Дафне Калотеј Платон рекол: „Затоа што хармонијата е симфонија, а симфонијата е хармонија, затоа музиката премногу се занимава со начелата на љубовта.“ Па можеби и е во право! Иако не потекнува од музичко семејство, нејзините родители не се музичари, Реми е успешна…
    Коментирај Повеќе
  • Последната пролет во Париз - Јелена Бачиќ Алимпиќ
    Последната пролет во Париз -  Јелена Бачиќ Алимпиќ “Последната пролет во Париз“ е третиот роман на авторката на бестселерите “Рингишпил“ и “Писмото на госпоѓа Вилма“, Јелена Бачиќ - Алимпиќ. Овој роман претставува емотивна приказна за судбината на емигрантите од царска Русија, за мрачниот свет на предавството, верноста кон…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Девојките на Марко - Оливера Николова

Автор 
Оцена
(532 оцени)

Девојките на Марко

Девојките на Марко е приказна која ја започнува едно мало детенце по име Славе. Тој има двајца браќа - Марко и Диме. Марко е најстариот брат и служи во војска. Славе кажува дека Марко ќе дојде на отсуство од војската. Во меѓувреме разговара со брат му, Диме, кој му кажува дека отсуството од војска е најважно, бидејќи треба да се знаат начини да се насмеат девојките... Славе е ужасно збунет и воопшто не знае што да направи...

Но, има идеја!

За да не го измачуваат девојките на Марко, тој прави план. План поврзан со Славе. План во којшто Марко ќе го научи сè што знае. Пукање, лазење и слично. Славе е свесен дека тој план ќе биде само за него и Марко, но сепак сака да го поштеди од маките.

Поминува време и Марко доаѓа. Славе му го кажува својот план и Марко се согласува. Но, Марко е скаран со својата девојка Роска, и сака да ја врати, па го моли Диме да ја најде и да ја донесе кај него. Таа му се јавува и му простува за тоа што ѝ го направил и тие се смируваат.

Но ете друг проблем на видикот, како Марко ќе му објасни на Славе дека Роска му е поважна? Не, не смее така да направи. Славе го чекал само него...

Дали ќе успее да му објасни? Како ли Славе ќе го прифати тоа? Дали ќе му прости, или пак ќе почнува да навлегува во светот на возрасните? Оној свет со подотворена врата кој толку го мачи...

Тоа можете да го проверите со читање на оваа прекрасна книга, токму наменета за деца од 7 одделение, кои, верувам се плашат од тој свет, како и Славе!

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.

Луѓе во овој разговор

  • Супер статија и одлично потсетување на оваа добра книга. Поздрав!

    0 Like
  • Гостин - Хахха

    Може некој да ми ја раскаже како лектира за училиште?

    0 Like
  • Како завршува?:(

    0 Like
  • Може некој да ми ја раскаже како лектира за училиште? и плус идејата:);):p

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter