Најнови статии

  • Дух- Даниела Стил
    Дух- Даниела Стил Иако насловот асоцира на некоја добра хорор приказна, овој роман на Даниела Стил е далеку од тоа. Напротив, не само што нема да ве исплаши, туку и ќе ви одржи лекција за животот, љубовта, надежта, насилството врз жената, изневерувањето, но…
    Коментирај Повеќе
  • Мрачни места - Џилијан Флин
    Мрачни места - Џилијан Флин „Имам некоја злоба во мене, вистинска и реална како орган. Исечи ми го стомакот и можеби ќе излезе, месеста и темна, ќе се лизне и ќе падне на подот за да можеш да ја згазнеш. До крвта на семејството Деј…
    Коментирај Повеќе
  • 50 начини да го пронајдеш вистинскиот - Луси-Ен Холмс
    50 начини да го пронајдеш вистинскиот - Луси-Ен Холмс Три години и девет месеци без дечко. Нема среќа во работата. 365 дена без секс. А и нема среќа во љубовта... Среќата баш не ја сака Сара Сарџент, а и како врв на сè, после пет месеци собирање храброст да…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Дон Кихот - Мигел де Сервантес

Автор 
Оцена
(544 оцени)

Дон Кихот - Мигел Де Сервантес

Во литературата досега не се појавило дело ни малку слично на Дон Кихот.

Во 18тиот век многу писатели го имитираа, се повикуваа на него и било едно од најпреведуваните дела во светот.

По својата оригиналност, на ова дело може да се гледа како на вистинска кулминација на целовековно експериментирање во областа на фикцијата.

Популарноста на овој роман изгледа како да опадна во последно време, најмногу поради тоа што е обемен, но сепак, никако не смеете да го пропуштите (и не посегајте по скратената верзија).

Содржината на книгата е прилично позната за сите, иако не сите ја прочитале – главниот лик е опседнат со својата збирка книги за витештвото до таа мера, што решава да го врати изгубеното достоинство на професијата витез, зема еден меч, оклоп и коњ (самиот коњ е многу комичен и забавен лик), и тргнува низ Шпанија за да ја најде својата слава.

Најпрво читателот се смее на неговото лудило, за потоа интимно да сочувствува со него и неговиот замислен свет, бидејќи е подобар од реалноста во која живеат другите.

Дон Кихот може да се гледа какоалегорија на христијанството, романтичниот култ на уметниците, екстремниот материјализам и бескрајното повикување на текстови. Дон Кихот е една од ретките книги од кои произлегла универзално признаена придавка (кихотски). Како воопшто може да се пристапи на Дон Кихот, како воопшто може да се даде оценка на ова еднинствено дело? Наједноставниот начин е само да се обрне внимание на фактот дека и четири века по неговото појавување, сè уште може да се каже – ако не си го прочитал Дон Кихот, не си читал ништо!

На наше големо задоволство оваа книга доби наш превод на нејзиното целосно, двотомно издание и сега може да уживаме во комплетната приказна наместо во некои скратени верзии. Па купете си ја оваа книга и уживајте во неа!

 

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • VALENTINA , SE SOGLASUVAM SO TEBE I JAS JA PROCITAV PO VTOR PAT,SINOT JA OBRABOTUVA VO SREDNO UCILISTE,I SEGA POINAKU JA SVATIV I MI OSTAVI VPECATOK ZA RAZLIKA PRED MNOGU GODINI KOGA SUM JA SMETALA ZA DOSADNA LEKTIRA

    0 Like
  • Апсолутно се согласувам со вас, а особено затоа што ова издание е целосно и е сосема поинакво искуство од овие скратени верзии, кои ги имаат изоставено (според мене) многу поинтересните моменти. Има околу 1300 страници, а се чита како да има 130. Во секој случај секој треба да го прочита.

    0 Like
  • Се согласувам дека е убава но, и јас ја прочитав бидејќи морав па затоа не ми беше баш интересна и онака ја читав набрзина.Сепак ликот ме изнасмеа на моменти кога помислив како човек може да биде обвземен од своето хоби.

    0 Like
  • ова е навистина одлична книга која вреди да се прочита

    0 Like
  • Odlicna kniga , ja procitav sto se veli vo eden zdiv, mi bese delo za na fah, ja zemav golemata verzija i UZIVAV vo nea, ja preporacuvam na site koi sakaat da se nasmeat i da uzivaat !!!!!

    0 Like
  • Неповторливо ремек-дело!

    0 Like
  • Нешто најдобро од Сервантес! Одлично дело! Три пати го имам прочитано! Поздрав!

    0 Like
  • Одлична книга. Преку одличен хумор пистелот ни го опишува шпанското општество во 18 век и им се потсмева на витешките романи. Карактерите се опишани на многу живописен начин, а уникатниот стил на пишување доведува до тоа книгата да биде актуела и по 4 векови.

    0 Like
  • Гостин - Sandra

    A kako da ja procitam? zasto nemate takva opcija,ja nema ni vo biblioteka ajde na internet da ja citam ve molam kazete mi kako... :)

    0 Like
  • Гостин - Sandra

    A kako da ja procitam? zasto nemate takva opcija,ja nema ni vo biblioteka ajde na internet da ja citam ve molam kazete mi kako... :)

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter