Најнови статии

  • Дух- Даниела Стил
    Дух- Даниела Стил Иако насловот асоцира на некоја добра хорор приказна, овој роман на Даниела Стил е далеку од тоа. Напротив, не само што нема да ве исплаши, туку и ќе ви одржи лекција за животот, љубовта, надежта, насилството врз жената, изневерувањето, но…
    Коментирај Повеќе
  • Мрачни места - Џилијан Флин
    Мрачни места - Џилијан Флин „Имам некоја злоба во мене, вистинска и реална како орган. Исечи ми го стомакот и можеби ќе излезе, месеста и темна, ќе се лизне и ќе падне на подот за да можеш да ја згазнеш. До крвта на семејството Деј…
    Коментирај Повеќе
  • 50 начини да го пронајдеш вистинскиот - Луси-Ен Холмс
    50 начини да го пронајдеш вистинскиот - Луси-Ен Холмс Три години и девет месеци без дечко. Нема среќа во работата. 365 дена без секс. А и нема среќа во љубовта... Среќата баш не ја сака Сара Сарџент, а и како врв на сè, после пет месеци собирање храброст да…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Сердарот - Григор Прличев

Автор 
Оцена
(83 оцени)

Сердарот

Совршенството е вродена амбиција на уметникот.

Можеби токму ова го повело Григор Прличев по стапките на грчките трагичари да создаде дело кое ќе остави силна трага во развитокот на македонската литература.

Поемата „Сердарот“ изобилува со врвни уметнички квалитети, впрочем и Прличев заслужено го добил епитетот втор Хомер, сложените епитети, описот на оружјето, општата епска нарација, градењето на ликовите се под големо влијание на Хомер, воедно можеме слободно да кажеме дека „Сердарот“ е симбиоза на фолкорот, хомеровиот стил и уметничката дарба на Прличев.

Сите македонски творци и дејци од XIX век при своето творење се угледуваале на народната песна, народниот стих, како и користењето на мотивите како и начинот на нивната експресија.

Темата за ова поема Прличев го позајмил од најдолгата македонска народна песна „Кузман Капидан“, но со една воочлива поетска разлика ТОЈ ГО ПОГУБУВА својот КУЗМАН. Мајката на Кузман, Неда, е сензибилна, романтична и вљубена во својот челад и народ, со возвишени чувства за национално заштитување, без егоизам и спремна и решителна да се жртвува.

Читајќи ги стиховите на тажење на Марија веднаш можеме да ја забележиме досмртната верност кон саканиот, кои по трагичниот крај на нејзиниот сакан, силните и искрените чувства кои ги има спрема него ќе ѝ го побркаат и умот.

И печатот во него жалта ја изразил жешка,
жалта што нема да мине.
На челото светло се одрази тагата тешка:
срцето таа го кине.

Величественоста на оваа поема е тоа што од устата на непријателот - Арнаутите ја дознаваме вистината за смртта и тие се оние кои доблеснои искрено се поклонуваат првин пред Кузман, а потоа и пред неговата мајка Неда ѝ ја признаваат големата загуба што ја снашло и сите останати со смртта на нивниот Сердар.

И везден ти да плачеш, имаш зошто. Биди силна!
Ти загуби, о мајко, џин!
Народните ќе пеат колена со уста милна
за делата на твојот син...

Уживајте во овие летни, тропски горештини со едно од најголемите достигнувања на македонската литератураа воопшто, или како што рекол Б. Конески: „Исполнета со патос на прославувањето на јунаштвото и слободата, Прличевата поема се поврзува со такви дела на југословенската книжевност на XIX век какви што се „Горски венец“ и „Смртта на Смаил-ага Ченгиќ“.“

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Браво, и за статијата и за изборот !

    0 Like
  • Ти благодарам Анелим. Инаку јас бев изненадена кога видов дека нема статија за едно вакво дело кое впрочем е едно од столбовите на нашата литература :). Поздрав и секое добро!

    0 Like
  • Едно огромнооооо БРАВО што се напиша статија за делово зошто навистина му недостасуваше на сајтот. Статијата како и секогаш ЗАКОН, а законот мора да се почитува што би рекле вие адвокатите хехе. Голем поздрав Ане и се надевам дека добро се справуваш со горештиниве:)))

    0 Like
  • Ти благодарам на убавите зборови Аце впрочем како и секогаш :)), ама знаеш како -> rules are made to be broken ;)
    Поздрав инаку па, се снаоѓам со горештините колку што можам, бидејќи си изгорев :(( така да сега повеќе се вардам, но, сега малку е така попријатно бар овие два дена + се дише повеќе :)) хехехе

    0 Like
  • Ја имавме пред неколку месеци Автобиографијата на Григор Прличев и таму беше Сердарот како дел, но не ни беше зададен за читање. Но сепак, требаше да ги враќаме книгите, а јас почнав да ја читам, но не успеав да ја дочитам, за што жалам, но сепак ја има на интернет и ќе ја дочитам.

    0 Like
  • Se obiduvam da najdam recenica ili zbor za goleminata na SERDAROT ili za PRLICEV.Ne uspevam,verojatno recenicata ili zborot se uste ne e ismislen od nasiot covecki um.Mi ostana samo da gi napisam so site golemi bukvi.

    0 Like
  • Гостин - DK

    Moze da mi dadete link od poemata Serdarot kade sto mozam cela da ja procitam?
    Fala vii odnapred :) :) :)

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter