Најнови статии

  • Дух- Даниела Стил
    Дух- Даниела Стил Иако насловот асоцира на некоја добра хорор приказна, овој роман на Даниела Стил е далеку од тоа. Напротив, не само што нема да ве исплаши, туку и ќе ви одржи лекција за животот, љубовта, надежта, насилството врз жената, изневерувањето, но…
    Коментирај Повеќе
  • Мрачни места - Џилијан Флин
    Мрачни места - Џилијан Флин „Имам некоја злоба во мене, вистинска и реална како орган. Исечи ми го стомакот и можеби ќе излезе, месеста и темна, ќе се лизне и ќе падне на подот за да можеш да ја згазнеш. До крвта на семејството Деј…
    Коментирај Повеќе
  • 50 начини да го пронајдеш вистинскиот - Луси-Ен Холмс
    50 начини да го пронајдеш вистинскиот - Луси-Ен Холмс Три години и девет месеци без дечко. Нема среќа во работата. 365 дена без секс. А и нема среќа во љубовта... Среќата баш не ја сака Сара Сарџент, а и како врв на сè, после пет месеци собирање храброст да…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Времеплов - Херберт Џорџ Велс

Автор 
Оцена
(356 оцени)

Времеплов - Херберт Џорџ Велс

И еве уште една статија, преку која ќе се навратите назад во основното училиште, кога книгава беше задолжителна лектира во седмо одделение.

„Времеплов“ е уште едно врвно дело на англискиот книжевник, Херберт Џорџ Велс, кој очигледно навистина бил добро упатен во тајните на модерната физика, а особено добро запознаен со теоријата на релативноста на Алберт Ајнштајн, пред да се реши да го напише ова дело.

Главниот лик во романот е чудниот Времепловец, како што го нарекуваат неговите пријатели. Сè започнува една вечер во неговата уште понеобична куќа со лабараторија.

Сите негови пријатели се вчудоневидени, кога тој им објаснува дека покрај во трите димензии во просторот (должина, ширина и висина), сега со помош на неговата конструирана машина, човекот може да патува низ времето, да се врати назад во минатото и да замине напред во иднината.

И откако ќе ја видат машината, присутните сè уште неможат да поверуваат, а уште повеќе се зачудуваат кога со притискање на само едно копче од машината, Времепловецот исчезнува. Следната средба е закажана за следниот четврток и по релативно долго доцнење се појавува и Времепловецот, целиот испартален, со лузна и со рана на лицето и со прав врз алиштата.

На сите им е јасно дека тој се вратил од некаков пат. Претпоставките стануваат вистинити и се укажува на тоа дека се вратил од пат од иднината, поточно од 802701-та година. Што се видел Времепловецот таму, во 802701-та година? Потоа тој им раскажува на сите што сè се случувало во осумте дена, додека бил таму. Им го пренесува и своето видување за ладнокрвната борба меѓу Елоите, малите нежни и убави суштества и Морлоците, кои се чиста спротивност од Елоите. Тие се грди, лоши, личат на мајмуни и се хранат со малите нежни суштества, а излегуваат само во текот на ноќта и при млада месечина, секогаш кога светлината е послаба. Времепловецот им зборува и за авантурите со својата сопатничка и пријателка Вина, која за жал го губи животот во еден од пожарите.

Кој е виновен за сето тоа? На кој начин завршила долгогодишната војна меѓу Елоите и Морлоците? И што сè друго видел Времепловецот во иднината? Неговите пријатели сè уште не му веруваат. Но, овој пат тој има и неоспорен доказ во своите раце дека бил во иднината и дека сето она што им го кажал е вистина. Дали двата бели цвета, подарок од нежната и верната Вина ќе бидат доволен доказ? И каков е ставот на Времепловецот за сè што доживеал во иднината?- дознајте откако ќе ја прочитате или ќе ја препрочитате оваа книга.

Пораката што ја носи романот верувам дека е повеќе од јасна- на здодевниот, предвидлив и машински свет му е потребна одредена доза на фантазија, која што пак е посебен вид на човекова чувственост. Затоа ослободете ја својата свест, сосема е возможно да постојат и други нови светови, затоа што нашата фантазија е доволна силна, способна и вешта за да ги создаде.

Книгата можеби на многумина на моменти им била здодевна, но сепак мислам дека вреди да се прочита и барем за миг и вие заедно со Времепловецот да „пропатувате“ низ иднината...

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Само една забелешка. Книгата е напишана 10-15 години пред Ајнштајн да ја објави теоријата на релативност. Најпознатите книги на Велс се напишани на крајот на 19-ти век, а Ајнштајн во науката се појавува на почетокот на 20-ти, така да Велс немал шанса да биде запознаен со теоријата на Ајнштајн.

    0 Like
  • Хахахха, па добро Велс бил познат по своите футуристички идеи, така што можеби случајно ја „насетил“ теоријата на релативитетот

    0 Like
  • Хехе фала ви за коментарите:)))

    0 Like
  • Интересен избор Александар, сигурно си ја обработувал како лектира!Ние не ја читавме бидејќи е додадена од скоро време и мислам дека беше за седмо одделение ама не сум сигурна!Во секој случај навистина интересен избор!Поздрав

    0 Like
  • Благодарам за коментарот Маре, да книгата е додадена од неодамна како лектира и во 7мо е. Голем поззззззз:))

    0 Like
  • Значи добро паметам :)))Поздрав и само продолжи така

    0 Like
  • Книгава е супер! Јас ја читав и ја раскажував на час во целост! Искрано устата ми засуши, ама 5 добив! како и да е, Александар одлична статија!

    0 Like
  • Фала ти и за овој коментар Симона! Честитки за 5ката иако веќе годината заврши хехе. Голем поззз...

    0 Like
  • Оваа книга, се додека не ја прочитав ја сметав за досадна. Сите луѓе што ги прашав велеа дека била досадна. Но не сфаќам, како оваа книга може да биде досадна. Ме воодушеви од првата страница, ја прочитав за 2 часа. Инаку сум љубителка на вакви книги, фантастиката ме привлекува. Инаку прекрасна статија!

    0 Like
  • Значи, ја обожавам книгава. Од тука се заитересирав за ХЕРБЕРТ ЏОРЏ ВЕЛС и воопшто за научанта фантастика. :)

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter