Најнови статии

  • Окото на црвениот цар - Сем Истланд
    Окото на црвениот цар - Сем Истланд Пекала е помладиот син од едно финско семејство (во времето кога Финска се уште била руска колонија). Татко му е погребник и на осумнаесет годишна возраст го испраќа постариот син Антон во Петроград да служи во Царската Финска Регимента. На…
    Коментирај Повеќе
  • Душата на скулпторот - Џејн Аркат
    Душата на скулпторот - Џејн Аркат Приказна за тоа како невозможното се остварува како резултат на нечии каприци претворени во манија. Еден свештеник е поразен од светлината и пејзажот на нему непознатата долина. Еден Kанаѓанец на сон го гледа каменот што ќе биде извајан за да…
    Коментирај Повеќе
  • Проектот Роузи - Грем Симсион
    Проектот Роузи - Грем Симсион Една од поинтересните книги за оваа година, забавна новела раскажана со необично шармантниот и социјално предизвикан глас на професор по генетика кој има невообичаена задача: да дознае дали е способен за вистинска љубов. Можеби вистинската љубов навистина може да промени…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Белото Циганче - Видое Подгорец

Автор 
Оцена
(364 оцени)

Белото циганче

И се разбира не треба ни да ве прашам дали се сеќавате на оваа книга? Верувам дека да, а за оние кои што малку ја подзаборавиле содржината, ќе се потсетат преку статијава. Се разбира, ова е дело на Видое Подгорец, кој постигна голем успех кај младите читатели, токму со оваа книга.

Дејството се врти околу едно младо момче кое било напуштено за време на војната од своите родители. За среќа тоа е пронајдено од група Роми, кои што бегале од окупаторот. Иако момчето се викало Турано и немало речиси никаква врска со Циганите, сепак тоа ги почитувало нивните обичаи и научило како да преживее, плетејќи кошници, кои потоа ќе ги продава каде ќе стигне.

Иако не бил еден од нив, сепак тој ги сакал Циганите и не им судел ниту по бојата на кожата, ниту пак по карактерот што го имале. Иако бил многу срамежлив, сепак имал многу пријатели - Цигани. Тој е вистински пример за тоа како не треба да им судиме на другите луѓе, поради тоа што на некој начин се поразлични од нас.

Но, сепак имало и такви луѓе на кои воопшто не им се допаѓал, па затоа го нарекле „белото Циганче’’, Таруно деновите пред сè ги минувал во плетење кошници од трски и прошетки со својот убав бел коњ, по име Мишо. Иако бил сосем сам, сепак не можел да се пожали. Живеејќи заедно со Циганите, иако немал луксуз и живот на висока нога, сепак тој имал сè - храна, покрив на главата и пред сè љубов и заштита. Сите нив ги сметал за свое семејство. Негов старател бил еден од најстарите Цигани, Баба Мулон, кој го одгледал како свое дете и му помогнал да стане добар, вреден и умен човек.

Покрај многуте удари што му ги задала судбината уште од многу мал, сега Таруно мора да се соочи и со еден од најсилните - смртта на неговиот „татко’’, Баба Мулон. На овој начин приказната станува уште потрогателна, отколку што веќе е...

Се надевам дека се потсетивте на оваа прекрасна книга, којашто верувам дека го одбележала сечие детство.  Доколку е така без размислување повторно препрочитајте го во блиска иднина. Уживајте!

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • се секаваме ,како не.особено на серијата,мислам беше со Игор Џамбазов

    0 Like
  • Знаев дека статијава е твоја,знаев! Само ти не потсетуваш вака убаво и топло на нашите детски денови...И ти благодарам за тоа..позз4е

    0 Like
  • Нема на што Биби, задоволство ми е да го правам тоа. Погледни ги и другите мои нови статии. Поззз4е:)))

    0 Like
  • zakon!pozz i bravo za statijava:)

    0 Like
  • Thank you Симона. Имај пријатна работна недела и поззз:))))))

    0 Like
  • oooo, mnogu, mnogu dobra kniga!

    0 Like
  • Имате ли подолга фабула? Ми треба итно, а не можам да ја најдам.. :(

    0 Like
  • Оваа приказна многу ме потресе додека ја читав, посебно оние моменти кога Таруно докажуваше дека нему сите луѓе му се исти и подеднакво ги цени и ги сака...тоа ме расплакуваше...многу добра приказна!

    0 Like
  • Гостин - stefan

    lololol

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter