Најнови статии

  • Слатка Неволја - Кендис Тери
    Слатка Неволја - Кендис Тери Тој е тврдоглав, лојален, традиционален и не сака промени... Рено Вајлдер си го сака својот град онаков каков што е, па што ако зградите се уште од времето на основањето на градот, ништо страшно, баш на против, тоа му дава…
    Коментирај Повеќе
  • Најслатката грешка - Кендис Тери
    Најслатката грешка - Кендис Тери Понекогаш може да се случи твојата најголема животна грешка... Аби Морган, после седум години повторно се враќа во својот роден град Sweet,Тексас – да ja среди и доведе во ред куќата на нејзините родители за продажба, но исто така и…
    Коментирај Повеќе
  • Безнадежно - Колин Хувер
    Безнадежно - Колин Хувер Откривањето на вистината понекогаш може да те направи побезнадежен од верувањето во лагите... Тоа е она што го сфаќа седумнаесетгодишната Скај откако го запознава Дин Холдер. Типче со репутација која може да ѝ парира на нејзината и способност во неа…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Хајди - Јохана Шпири

Автор 
Оцена
(787 оцени)

Хајди

И повторно продолжувам со статии, со кои сакам да ве потсетам на вашето детство. Книгава ја имам и случајно ја загледав на полицата и решив да ве навратам малку на неа.

Се работи за малото мило девојче Хајди, чијашто тетка Дета по цели четири години грижејќи се за неа, решава да ја однесе на планината кај нејзиниот дедо, со изговор дека токму нему му дошол редот да се грижи за неа. Новиот дом за Хајди значеше нешто прекрасно.

Таа многу ја сакаше природата, свежиот воздух и цвеќињата, па ова беше идеално место за неа. Освен тоа стекна и нов пријател - Петре со кого и често одеше да ги пасат козите на блиските пасишта.

И само по неколку месеци кога Хајди беше сосема маѓепсана од планинските пејсажи, мислејќи дека засекогаш ќе остане во овој мал рај на земјата, нејзината тетка Дета, повторно мораше да додаде „зачин во манџата’’.

Овој пат таа дојде по Хајди за да ја носи дури во Франкфурт, во вилата на семејството Сеземан. Иако Хајди не го сакаше тоа, реши да не ѝ противречи на својата намуртена тетка.

За Хајди новата средина беше релативно добра. Семејството Сеземан беше доста богато, а во нивната куќа имаше дури и сопствена соба. Но сепак ѝ недостасуваше планината, а и Петре, кого многу го засака. Но, овде беше и Клара -  младо русокосо девојче во инвалидска количка, ќерката на г-динот Сеземан којашто во Хајди бараше вистинска пријателка.

Тоа и се случи, тие станаа добри пријателки и заедно доживеаја многу авантури, што особено многу ѝ пречеа на г-ѓата Ротенмаер, особено се возбуди кога дозна дека Хајди е неписмена. И покрај удобностите што ѝ ги пружаше градот, сепак Хајди тагуваше за планинските полиња и дедо ѝ. Еден ден Клара посебно ја израдува, кога ѝ врачи возен билет за Швајцарија. Хајди едноставно не можеше да ја опише среќата во тој миг и веднаш посака да се врати назад кај дедо ѝ, на планината. Но овој пат - не замина сама. Клара и нејзината баба, постарата г-ѓа Сеземан ѝ се придружија.

Дедо ѝ се разбира ја пречека со раширени раце, но Петре стана малку љубоморен на Клара, па во бес ја уништи нејзината инвалидска количка. Клара на моменти беше очајна, но сето тоа се смени, кога на пасиштето со мала помош на Хајди и на Петре, таа успеа да прооди и да застане на нозе...

Верувам дека во најкратки црти успеав да ве потсетам на оваа супер книга. Доколку е така, ве советувам повторно да ја прочитате и да уживате во брилијантните описи на природата и едноставниот стил на раскажување на Јохана Шпири. Вреди навистина, сигурен сум дека ќе се согласите!!!

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Како се сети на оваа книга! Па мислам дека нема некој што не ја прочитал како дете. Секоја чест за изборот. Позз

    0 Like
  • Една од омилените ми беше и мене. Колку само сум сонувала да живеам на планина, да имам кози, да пијам млеко и да јадам печено сирење.
    Дури и сега мирисот на печено сирење ме потсетува на Хајди.
    Ја препрочитував повторно и повторно, и пак би ја читала.
    Браво за статијата Александар.

    0 Like
  • Прекрасна книга и се чини, меѓу омилените книги на секој на сајтов:))Но, така е всушност со сите безвременски дела..а оваа книга е несомнено меѓу оние кои никогаш нема да се заборават или пак, да престанат да бидат интересни, дури и на повозрасни години. Прекрасен избор за статија Александар:))

    0 Like
  • Имаш право Ананда, бројот на лајкови кажува се. Гледам дека веќе ги надополнуваш пропуштените коментари, продожи така. Поззз:)))

    0 Like
  • Една од моите омилени книги кога бев основно и на секој летен распуст си ја читав!Супер статија Александар ме потсети на детството!Поздрав

    0 Like
  • Книга од детството :)

    0 Like
  • Колку прекрасна книга!

    0 Like
  • Сеуште ми е една од омилените книги, ја обожавам и постојано ја препрочитувам, единствено уживам во неа!

    0 Like
  • Задолжителна литература за секое дете!

    0 Like
  • Гостин - Марија

    Јас сега од Септември ќе бидам 6 одделение.Лектира ми е и лектирата Хајди од авторот Јохана Шпири.Книгата ја прочитав цела , и навистина е прекрасна.Браво за авторот.

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter