Најнови статии

  • Совршено несовршен пар - Сузан Елизабет Филипс
    Совршено несовршен пар - Сузан Елизабет Филипс Хит Шампион има поминато голем и мачен пат за да се издигне на врвот, почнувајќи од бедното детство во приколка со татко пијаница. Најдобриот и најуспешниот спортски агент во градот не се срами од своето минато, напротив, тој се гордее…
    Коментирај Повеќе
  • Допирот на музиката - Дафне Калотеј
    Допирот на музиката - Дафне Калотеј Платон рекол: „Затоа што хармонијата е симфонија, а симфонијата е хармонија, затоа музиката премногу се занимава со начелата на љубовта.“ Па можеби и е во право! Иако не потекнува од музичко семејство, нејзините родители не се музичари, Реми е успешна…
    Коментирај Повеќе
  • Последната пролет во Париз - Јелена Бачиќ Алимпиќ
    Последната пролет во Париз -  Јелена Бачиќ Алимпиќ “Последната пролет во Париз“ е третиот роман на авторката на бестселерите “Рингишпил“ и “Писмото на госпоѓа Вилма“, Јелена Бачиќ - Алимпиќ. Овој роман претставува емотивна приказна за судбината на емигрантите од царска Русија, за мрачниот свет на предавството, верноста кон…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Мажите се од Марс жените од Венера - Џон Греј

Автор 
Оцена
(72 оцени)

Мажите се од Марс жените од Венера - Џон Греј

Мажите се од Марс а жените се од Венера- е овој наслов ми звучеше многу интересно и ме привлече иако не сум голем љубител на книги од ваков тип (со некои исклучоци). И морам да кажам дека се изнамачив да ја најдам книгава на македонски па ја убедив братучетка ми која живее во Битола да ја побара и таму и на мое ОГРОМНО ЗАДОВОЛСТВО во една книжара имало само еден заборавен примерок и бил полн со прашина ама нормално мене тоа не ми претставуваше никаков проблем и пресреќна си ја добив книгата. Ова е всушност практичен прирачник за воспоставување на успешни односи со спротивниот пол базирани врз личните искуства на авторот-познатиот психолог др.Џон Греј и искуствата на неговите пациенти.

 

Во оваа книга метафорично се прикажува дека мажите и жените се од различни планети т.е. дека едните се од Марс, а другите од Венера. Па оваа симболична теза авторот ја прифатил и ја користи во сите свои наредни книги како и на неговите семинари.

За разлика од некои други психолози кои пишуваат за сличностите помеѓу половите Греј пишува исклучиво за разликите помеѓу нив. Тој наведува дека мажите и жените на една иста работа и ист проблем секогаш гледаат различно и различно го сфаќаат. На пример за еден проблем кој настанува во нивниот однос мажот смета дека е доволно за него само да го најде решението на тој проблем и со тоа работата е завршена и поради тоа треба да му се оддаде признание, додека пак жената мисли дека за тој проблем треба најпрво заеднички да се разговара и преку нивниот заеднички разговор да се најде заедничко решение.

Во оваа книга има уште многу, многу примери и понудени одговори за читателот да може полесно да ги разбере разликите помеѓу половите и на тој начин да може да си ги подобри односите со својот партнер од спротивниот пол. Ова е практичен и корисен прирачник за сите генерации. Па ако оваа книга ви падне во раце не ја пропуштајте - прочитајте ја и ќе ви стане јасно зошто МАЖИТЕ СЕ ОД МАРС, А ЖЕНИТЕ СЕ ОД ВЕНЕРА!

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Фала Ананда и знаев дека ќе ти се допадне ова дело:-) и дефинитивно мислам дека е ова е книга по твој вкус.Се надевам дека ќе ја прочиташ па чекам коментар.Фала за поздравите и ти имаш најгоооолем поздрав од нас а еве сега одма одам да го исгушкам Миле:-)

    0 Like
  • За книгата имам слушнато одамна, но тогаш не ми предизвика некој интерес, мислејќи дека е една од вообичаените книги со вакви и слични наслови. Меѓутоа, Марија твојата статија ете ми го смени мислењето, и сега слободно можам да кажам дека би сакала што е можно побргу да ја прочитам, па се надевам и дека ќе ја најдам за да го остварам тоа. Поздрав

    0 Like
  • Хм, книга што треба да се прочита, па се надевам дека ќе ја пронајдам и секако да видам зошто мажите се од Марс, а жените од Венера :)). BTW супер статија Марија и секао чим ја пронајдам ќе ја прочитам и секако ќе дадам импресии за книгата. Поздрав и ти благодарам на препораката :))

    0 Like
  • Еј, за книгава пред неколку години се крена многу врева, а јас не ја прочитав :( А баш преска ми падна на памет оваа книга. Браво за изборот и за статијата Марија !

    0 Like
  • Ау Маре навистина честитки за изборот. Книгата лично ја немам прочитано, но ми ја имаат раскажувано. По статијава дефинитивно и сам ќе ја прочитам. Голем поздрав до тебе...:)))

    0 Like
  • Деспина,Александра,Анелим и Александар ви благодарам за убавите зборови и ако сте во можност прочитајте ја книгата-нема да погрешите.поздрав

    0 Like
  • Ме заинтригира статијава, дефинитивно ја ставам книгава на список за читање!

    0 Like
  • Прекрасна книга...
    Односите меѓу половите се во центарот на моето интересирање веќе подолго време.
    Само погледнете ги браковите, врските и воопшто односите со другиот пол... Нејасно ми е зошто луѓето не бараат одговори за тие дисфункционалности.
    Оваа и книгите на Барбара и Алан Пиз се обавезно четиво за да го разберете другиот и навистина ќе ви го подобрат односот/односите.
    Мене ми беа пресвртница во тој смер и чекор кон ослободување од огорченоста поради сеуште присутната полова нееднаквост.
    Позз за Марија, прекрасен избор и за твојата инспирација Миле;)

    0 Like
  • Фала за убавите зборови Сабина и баш ми е мило што ти се допаѓа книгава. И нормално дека Миле е инспирација па види го колку е убав(најубав,хаха) ама и твоево е супер и многу е интересно на сликата.поздрав.

    0 Like
  • Marija sakam da te prasam, dali denes negde vo makedonija mozam da ja najdam knigata, mi imaat kazuvano deka e interesna, a otkako ja procitav statijava uste poveke me zainteresira.
    Ti blagodar odnapred

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter