Најнови статии

  • Окото на црвениот цар - Сем Истланд
    Окото на црвениот цар - Сем Истланд Пекала е помладиот син од едно финско семејство (во времето кога Финска се уште била руска колонија). Татко му е погребник и на осумнаесет годишна возраст го испраќа постариот син Антон во Петроград да служи во Царската Финска Регимента. На…
    Коментирај Повеќе
  • Душата на скулпторот - Џејн Аркат
    Душата на скулпторот - Џејн Аркат Приказна за тоа како невозможното се остварува како резултат на нечии каприци претворени во манија. Еден свештеник е поразен од светлината и пејзажот на нему непознатата долина. Еден Kанаѓанец на сон го гледа каменот што ќе биде извајан за да…
    Коментирај Повеќе
  • Проектот Роузи - Грем Симсион
    Проектот Роузи - Грем Симсион Една од поинтересните книги за оваа година, забавна новела раскажана со необично шармантниот и социјално предизвикан глас на професор по генетика кој има невообичаена задача: да дознае дали е способен за вистинска љубов. Можеби вистинската љубов навистина може да промени…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Црно семе - Ташко Георгиевски

Автор 
Оцена
(92 оцени)

Црно семе - Ташко Георгиевски

Може ли да се избрише минатото на еден народ? Во секоја една нишка, а не пак народ, зад себе го има вековното паметење и во тоа паметење го има него, се има себеси (единката или народот) - во сеќавањата, изјави Ташко Георгиевски.

До кога, ќе мораме да го докажуваме нашето име, презиме и идентитет?

ДОСТА Е, ДОСТА... Но, и покрај тоа НИЕ ќе истраеме ние сме народ кој до последен здив на своето живо тело ќе се бориме, ние ќе успееме да го докажиме кога тогаш нашиот идентитет, но, сепак никогаш нема да дозволиме ТИЕ да си играат со мојот, твојот, неговиот, нивните, заедничките човечки идентитети.

„Црно семе“, роман во кој е прикажан прикриениот крик на човекот, устата се отвора ама збор не излегува, безгласен. Тој човек е лишен од својата земја, од својата култура, националност, ова е дело на поматен мозок, а како резултат на тоа цела една нација се преобразува во безлично суштество кое не е човечко кое во себе ’рти црно семе, семе на бездомност и безименост, кој не знае за ништо друго освен за свет на страдања и мрак, во туѓина.

Монструмозни и бескурполозни тортури, извршувани од страна на манијачки садисти (офицери, подофицери и војници) кон лицата кои не сакале да потпишат едно признание во кое се согласуваат дека се откажуваат од нациналниот идентитет, ги носат на пуст егејски остров или подобро да речам ПЕКОЛНО МАЧИЛИШТЕ за да ги преобратат во лојални поданици на кралот и Грција.

Кој ќе излезе победник, кој ќе стане предавник? Дали предавникот ќе сфати дека не ја предал само земјата, туку и самиот себе си? Дали предавството е исто како и насилството? Кој ќе оди потоа со крената глава, кој со спуштена, секако доколку живи останат....

„Црно семе“ заслужува дел од Вашето време и пред се од Вашето внимание.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Романов е нешто што длабоко ќе ве трогне,ќе ве остави во ноќта да размислувате за Доне,за Христа и сите друг кои (Не)поминале низ таа тортура..Ќе ве запраша што ако тоа бев јас,дали ќе се откажев од мојот идентитет од се за продолжение на и така бедниот живот?НЕ,Македнија е нешто од кое не се откажуваме лесно,мала а сеоак толку значајна:)Одлична статија Александра:)ПОздрав

    0 Like
  • Впрочем сите дела на Ташко Г. носат некој силна и јасна порака. Поздрав Ики, мило ми е што ти се допаднала статијата и а пред се ме исполни твојот коментар, а најмногу ова последната мисла што ја имаш ставено. Секоја чест Ики. ПОздрав :))

    0 Like
  • Овој роман исто така го имам прочитано пред неколку години и многу ми се допадна но во исто време и ме потресе.поздрав до Александра и одлична статија.

    0 Like
  • Благодарам Марија.

    0 Like
  • Мислам дека секој оној кој ја нема прочитано оваа книга треба да се фати за работа. Не негирам дека за време на читањето нема да ве полазат морници, обземе студенило, дека нема да го свиете телото од грчевите кои ќе ви ги предизвикат зборовите, а на крај краишта и ќе ве обземе таков бес што никојпат не сте помислиле дека го имате во себе. Но, зарем сето тоа ќе помогне страниците од книгата да бидат изменети? Не, ништо од тоа нема да помогне, но, затоа пак ќе помогне да сватиме кои сме и што сме (како да не го знаеме тоа), ќе ве натера да размислите за својата издржливост и на крај да погледнете во минатото кое оставило безброј дамки за кои можеби ние и не сме свесни. Како и да е, оваа статија ви е гаранција дека нема да посакате да ја вратите книгата на местото од каде што сте ја зеле пред да биде исцрпно прочитана. Поздрав до тебе Александра за статијата.

    0 Like
  • Ти благодарам Деспина на убавите зборови, и секако на исцрпувачкиот коментар, се сложувам со тебе дека книгава кој ја фател не ја оставил се додека не ја завршил, за жал некои работи се дел од нашето минато, а тоа како такво не можеме да го вратиме и смениме, но, затоа можеме да се соочуствуваме со нивната болка, тага и страдања. Како што на самиот почеток на статијата напишав она што го кажал Ташко Г. може ли да се избрише минатото на еден народ? Секако, не може, а воедно со оваа книга можеме едноставно да го проживееме тоа минато. Поздрав голем Деспина, и уште енаш ти благодарам за убавите зборови, ми го разубави денот верувај :))

    0 Like
  • Уште еден роман во кој се опишува тешкиот живот на Македонците во минатото. Роман - богат со длабока вистина и тага. Роман што изобилува со монстуозност која додека го читаш, го чувствуваш на својата сопствена кожа, те растреперува, те разболува.

    Ги стопи солзите во моите очи, го разбуди она кои одамна спиеше во мене - родољубието. Уште еден роман во кој е прикажано нечовештвото, за кое како и порано, и денес ни останува само да мечтаеме... да сонуваме... да сретнеме некој кој навистина знае да биде Човек.

    Поздрав за статијава.

    0 Like
  • Ти благодарам Ана М., се надевам дека со статијава ти сугерирав уште еднаш да го препрочиташ овој роман на Ташко Георгиевски кој несомнено како што кажа е богат со длабока вистина и тага.

    Срдечен поздрав од мене и секако пријатно уживај во викендов....

    0 Like
  • Ти благодарам и тебе Александра. Поздрав и се најдобро.

    0 Like
  • Поздрав свима! Студирам српски језик и књижевност у Нишу и један од предмета ми је македонска књижевност. До литературе се теже долази, па молим Анелим и Александру Маневу, да ми, ако могу, проследе своје матурске радове о овом дивном роману и о роману ''Крпен живот'' Сталета Попова. Унапред се најискреније захваљујем!!! Да, мејл ми је: comisim@gmail.com

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter