Награди и подароци

Најнови статии

Ваша поезија и проза

Недоразбирање - Албер Ками Featured

Автор 
Оцена
(49 оцени)

Недоразбирање - Албер Ками

Како човечки креатури секојдневно талкаме по нешто неодредено. Нешто кое подоцна би го именувале како среќа, задоволство, нешто на кое би го сосредоточиле нашето внимание и би се чуствувале исполнето толку колку што и е потребно на нашата душа. Меѓутоа, сите ние сме само шаховски фигури немарно фрлени на своето бело или црно поле. Нашите содружници се оние кои први го слушнале нашиот плач, кои први се восхитувале на нашето ползење, а кои секогаш ќе го бодрат нашиот успех. Тоа секако е нашето семејство.

Но, што се случува кога најверниот преминува во најневерниот? Онаа која до вчера си ја сметал за мајка, веќе денес нема ниту една буква од толку слаткоречивиот збор.

Дали мислите дека светот не е роден од капка иронија? Да, светот е роден од капка иронија, во кое човештвото е само еден од неговите подбиви.

Дека сакам да ве излажам, не, не сакам, ниту пак имам таква намера. Само ви ја нудам вистината за едно семејство. Под покривот на една крчма се крие многу повеќе, отколку веќе застарените соби за спиење, долго непроменетото мени, и ликот на две жени. Книгата е толку мала, што би можеле дури да ја прочитате и со вашето утринско кафе. Но, пазете да не ви биде кафето погорко од било кое претходно утро.

И да сакам да ви кажам нешто повеќе, спречена сум. Не би сакала да ви го откријам недоразбирањето. Само ќе ви го откријам идентитетот на оние на кои им е доделена улогата. Мајка, премногу газена од чевелот на животот за да би биле запрепастени од нејзините одлуки. Ќерка, онаа која својот живот го стуткала под крилото на крчмата, крило гавраново. Син, личност сокриена под маската на богат човек, до последниот збор. Дали сето ова е праведно? Пресудете сами.

Во некои моменти само солзите остануваат единствено средство за покајување... но, за жал тие не се доволни. Само половина сме будни во споредба со она колку треба да бидеме. Приказната за „Заспаната убавица“ веќе одамна е завршена... Но, секојпат се наоѓа по некој кој ќе започне повторно со нејзино препишување...

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Се верува дека Алберт Ками ја украл темата за драмата „Недоразбирање“ од Ристо Крле. Лесно се чита, има премногу описи, како и на природата така и на карактерот на ликовите. Со оглед на тоа што пред да ја прочитам книгава, ја имав прочитано и „Парите се отепувачка“ не ми беше многу интересна и знаев како ќе заврши. Сепак лектира, мора да се прочита :))

    0 Like
  • Темата е идентична. Но исто така постои и верување, дека истиот тој настан вистински се има случено и Алберт Ками за него има прочитано во весник, па од таму и му дошла идејата да тој настан го претвори во драма. Инаку, мислам дека не е на одмет да се прочита, не е ниту голема, а ниту тешка :) Поздрав

    0 Like
  • Да, да. Настанот се има случено. Незнам од каде точно разбрал Ками, но сигурна сум дека имам прочитано некаде дека Крле се водел по вистински настан, што мора да признаеме дека и не е така тешко да се поверува. Сепак ова е дело на реализмот, а реалноста е дека луѓето би направиле се за да дојдат до пари, вклучувајќи и убиство на нивните најблиски. поздрав:)

    0 Like
  • Токму така Бојана, луѓето се многу лакоми, посебно кога станува збор за пари, и колку и да звучи нереално секојдневно се случуваат токму вакви убиства. Инаку морам само да те исправам, станува збор за егзистенцијализмот :) Поздрав до тебе :)

    0 Like
  • Ние ја работевме како лектира од реализам оваа година. Значи, во 3та год. гимназија. Така сум запознаена јас со оваа книга.

    0 Like
  • Па, добро, изгледа секаде има различни информации. Ама на интернет и во прирачникот за матура си е егзистенцијализам. Ама тоа не е твоја грешка, туку на оној кој ги дава податоците :) Поздрав

    0 Like
  • Можно е, се прават грешки. Поздрав и до тебе :)

    0 Like
  • Потресна драма, директно до срж!

    0 Like
  • Ками не ја украл идејата од Крле. Авторите се немаат сретнато, си ги немаат прочитано текстови.
    За инспирацијата на Ками не знам, но Крле се инспирирал од вистински настан додека работел како кондурџија во албанското гратче Поградец. Некој човек дошол да купи чевли за убиен младич од своите родители заради пари... Тоа што го слушнал го мачело долго време и после некоја година седнува и за неколку недели беспрестано пишување го завршува текстот. Самиот пишува во својата Автобиографија како го напшишал текстот.
    Не се согласувам дека Парите се отепувачка е досаден текст. Текстот е најдобар од текстовите од Првата фаза на македонската драматика - Фаза на Битова драма.

    0 Like
  • Се согласувам во целост со тебе Артур. Како што веќе бев спомнала, се има сознание дека Ками за настанот прочитал во весник. Но, всушност не би ни можеле ние да коментираме околу ова, бидејќи се што ќе биде заклучено ќе биде само претпоставка :) Но, како и да е... И двете книги си имаат своја големина која ни најмалку не се споредува со досадност. Поздрав :)

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter