Најнови статии

  • Совршено несовршен пар - Сузан Елизабет Филипс
    Совршено несовршен пар - Сузан Елизабет Филипс Хит Шампион има поминато голем и мачен пат за да се издигне на врвот, почнувајќи од бедното детство во приколка со татко пијаница. Најдобриот и најуспешниот спортски агент во градот не се срами од своето минато, напротив, тој се гордее…
    Коментирај Повеќе
  • Допирот на музиката - Дафне Калотеј
    Допирот на музиката - Дафне Калотеј Платон рекол: „Затоа што хармонијата е симфонија, а симфонијата е хармонија, затоа музиката премногу се занимава со начелата на љубовта.“ Па можеби и е во право! Иако не потекнува од музичко семејство, нејзините родители не се музичари, Реми е успешна…
    Коментирај Повеќе
  • Последната пролет во Париз - Јелена Бачиќ Алимпиќ
    Последната пролет во Париз -  Јелена Бачиќ Алимпиќ “Последната пролет во Париз“ е третиот роман на авторката на бестселерите “Рингишпил“ и “Писмото на госпоѓа Вилма“, Јелена Бачиќ - Алимпиќ. Овој роман претставува емотивна приказна за судбината на емигрантите од царска Русија, за мрачниот свет на предавството, верноста кон…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Марта - Горјан Петревски

Автор 
Оцена
(931 оцени)

Марта - Горјан Петрески

Нашиот живот е миговна игра, игра во која ние сме показателите на патот. Но какви и да сме, не мораме никому и со ништо да покажуваме кои сме. Тие сме што сме, совршен израз на единството на животот. Талкајќи по среќата, се сопнуваме на места навидум лесни за помин, а всушност тешки за совладување. Вистинскиот приказ на животот можеме да го видиме токму во овој роман. Роман кој е огледало во кое секој од нас се гледа, се препознава.

Марта. Која е таа Марта? Израз на детско срце со премногу болка во својата душа, премногу мечти и тага за такво девојче со анѓелско лице. Срце во кое за секој има место, срце на кое не му е потребно ништо друго, освен татковска љубов за да биде цело.

Таа е девојче во кое има надеж, девојче кое знае што е добро а што не, но девојче кое од преголема желба се заплеткува во стапицата од животот. Како брод кој е среде морската шир, изгубен во целата таа еднолична глетка, така и Марта ќе го изгуби својот правец, ќе ја изгуби насоката по која треба да се движи.

Изгубена во своите чувства не ќе може да сфати што прави и дали е тоа она вистинското. Испреплетена во пајаковата мрежа на животот, таа се бара себеси и својот живот во животот на другите. Можеби овој роман е дел од програмата по македонски јазик за седмо одделение, но ниту малку не е роман кој покажува несериозност, лежерност...

Напротив, тоа е роман кој има своја длабочина, онаа која е осудена да ги чека своите нуркачи, оние кои ќе го пронајдат најскапоцениот бисер, меѓу купот школки.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Книгава ја имам прочитано и ми се допадна.

    0 Like
  • Значи, оваа лектира ми остави многу добар впечаток и е една од моите омилени лектири во 7 одд.

    0 Like
  • Првпат ја прочитав книгата во 5 одделение, за неколку часови. Едноставно не можев да ја оставам. Онаа тага што Марта ја собира во себе, нејзинот труд да им угоди на сите, а особено на нејзината мајка, нејзината несебична љубов кон сите... просто не остава без зборови. Марта е прекрасна приказна, а и јас ќе се сложам, навистина е животна лекција за понатаму.

    0 Like
  • Јас ја прочитав ,, Марта '' пред 2-3 дена толку многу се опишани личностите и е многу интересна те привлечува да читаш цел ден ја прочитав дури за 3 дена..

    0 Like
  • Гостин - ннанаа

    Одговор на: Dimitar

    тоа не е рекорд јас кога бев на саемот за книга пред неколку години само што ја купив споменка за 1 ден ја прочитав. едноставно не можев да ја пуштам од раце.

    0 Like
  • За сите кои бараа нешто повеќе за книгата, подолу во коментарот, но оние кои сакаат да ја читаат и да не си ги уништат изненадувањата, ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДЕКА КОМЕНТАРОТ ОТКРИВА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДЕЈСТВИЈАТА

    Марта била седомооделенка која учела во училиштетп „Јохан Хајнрих Песталоци“. Марта била добро, храбро и гордо девојче со долга црна коса, одлична ученичка која живеела со својата мајка Бисера. Кога мајка и еден ден и раскажала на Марта за нејзиниот татко – Мартин Горски дека морал да ги напушти, Марта од тој ден почнала да го бара. Во тој период околу нејзе почнал да се врти еден моторџија или градски фраер – Витан или наречен Витез. Но, бидејќи Марта била зашеметена во потрагата по татко и, не забележувала дека тој е обичен никаквец и почнала да излегува со него. Еден ден тој ја поканил кај него дома, со изговор да ги запознаее неговите родители, кога тие влегле во неговиот дом, тој се обидел да ја нападне, а таа одвај успеала да се извлече. Марта се вратила дома, од очај и без ги зела ножиците и ја исекла својата коса, испила лекови и напишала проштално писмо за својот другар Борко. Кога мајка и се вратила дома ја нашла на подот мислејќи дека е мртва, и тогаш ја однесла в болница. Следниот ден докторите кажале дека се работи за труење, но дека Марта е подобра и во посета и дошле сите соученици и наставничката по хемија да и дадат поддршка. Излегувајќи од болница, доживувајќи големо искуство, Марта на влезот од болницата го запознала својот татко – Мартин. Тројцата се прегрнале и си заминале среќни. - еве малку повеќе, иначе супер е

    0 Like
  • Гостин - Хахха

    Оваа книга е супер но сепак најубава книга што сум ја прочитала е споменка ги имам прочитано сите 3 дела

    0 Like
  • Гостин - Angela

    Ja neam procitano lektirata. kako da ja raskazam?

    0 Like
  • Единствената книга од детството која не можеш да ја оставиш додека не ја прочиташ. Современа приказна за Марта и нејзината потрага по совршен приказ на животот.... Прекрасен роман од познатиот Горјан Петревски. Статијата е одлична

    0 Like
  • НАЈДОБАР МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛ ЗА ДЕЦА. СИТЕ НЕГОВИ КНИГИ СЕ СТВАРНО ПРЕДОБРИ.

    Марта ми е една од омилените книги.Ми спаѓа во топ “10,,. Секогаш кога немам што да читам ја зимам ,,МАРТА“ и уживам во читањето. Никогаш ми нема здосадено. :)

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter