Најнови статии

  • Мојот Маж - Румена Бужаровска
    Мојот Маж - Румена Бужаровска Ова се приказни раскажани од жени. Но, не се и приказни за задоволни жени. Тоа е нешто што авторката, Румена Бужаровска, го нагласува при опишувањето на оваа книга. Овие жени живеат навидум исполнети животи со своите сопрузи, деца, родители. Сепак…
    Коментирај Повеќе
  • Повторно дома - Анти Тури
    Повторно дома - Анти Тури По многу години поминати во Америка, Ерки Хакала, на четириесет и пет години, повторно се враќа во својот роден град, во Финска. Принуден од даночните власти да емигрира во Америка, поради ткајачницата и пропаѓањето на бизнисот, сега кога делото против…
    Коментирај Повеќе
  • Урбани Херои
    Урбани Херои Читајќи ја Урбани Херои од Драган Таневски, во една работа бев повеќе од сигурна, а тоа е дека македонската литература била доста сиромашна сè до сега. Драган Таневски - ново име во македонската литература, нова ѕвезда-талент која допрва треба да…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Втора смена- Велко Неделковски

Автор 
Оцена
(313 оцени)

Втора смена- Велко Неделковски

Тревата е зелена,

магарето рика

излези ХХХХХХХ симпатијата те вика.

Решив со ваки стихови да ја започнам статијата затоа што мене тоа искрено ме потсеќа на мојата прва љубов. Ја пееја моите другарки кога поминуваше „принцот“, а мене едноставно ми доаѓаше од срам да потонам в земја. Ех, детство, ех љубов...

Сигурна сум дека сите се сеќавате на вашата прва љубов и со право возразните велат дека таа никогаш не се заборава.

Сигурна сум дека се сеќавате на првиот состанок, на првиот бакнеж...

Нели е волшебна љубовта? Нели возвишува? Нели создава пеперутки во стомакот? Ех, таа што не дава сон навечер, а дава црвенило на образите издава.....

Детската љубов зазема посебно место во нашето срце и засекогаш остава траги во нашето сеќавње и душа. Сите сме се соочиле со феноменот на „скршено срце“, но, во тие детски мигови го сфаќавме фатално, а гледано од призмата на денешната перспектива тоа значеше дека растевме.

Оваа книга дефинитвно ја прикажува детската, искрената, чистата љубов.

Преку страниците на оваа книга уште еднаш ќе ја доживеете првата љубов и едноставно за миг ќе се навратите на  младоста.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Многу убава книга.
    Серијата не ја имам гледано. Сум била помала кога се емитувала.
    Како што кажа Александра, книгава е закон. Убаво е чувството кога ќе се присетам на содржината од страниците на оваа книга.
    Поздрав :)

    0 Like
  • еееее како да не се сеќавам на оваа книга,а и на серијата исто така!? Па таа ми стана омилена веднаш штом ја прочитав и видов,растејќи и влегувајќи и самата во тој повозрасен свет и чувствувајќи ја и својата прва љубов! Секоја чест за статијава

    0 Like
  • Мило ми е што ти се допадна статијава. Благодарам Бисера за убавите зборови :))

    0 Like
  • Повторно одлична статија Ане, книгата ја имам читано одамна, но радо се сеќавам на неа. ПОздрав и очекувај неколку нови статии од мене деновиве. Само да ги објават, па очекувам и коментари. ПоздравЧЕ:)))

    0 Like
  • Благодарам Аце за убавите зборови, секако дека ќе коментирам на твоите статии само нека се објават. Поздрав :))

    0 Like
  • Прекрасно напишана статија.

    0 Like
  • Ти благодарам Ивана. Голем поздрав!!!

    0 Like
  • Ако добро се сеќавам ова беше книгата со Маргарита-марга-маги или така нешто....или сум во заблуда? :D

    0 Like
  • .... Токму така, Милан, инаку ............ не си во заблуда :)))), баш токму завршува книгата „Ка-кап-кап“
    „Маргарита- Марга-Меги“.

    Колку долго се памети првата љубов?

    Голем поздрав Милан и пријатен викенд, бар она што остана :)))

    0 Like
  • Оваа книга ми беше една од омилените, начинот на кој е опишана првата љубов е прекрасен, таа е претставена волшебно... ривалството со Коце заради Маргарита... немам зборови за оваа книга!

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter