Најнови статии

  • Урбани Херои
    Урбани Херои Читајќи ја Урбани Херои од Драган Таневски, во една работа бев повеќе од сигурна, а тоа е дека македонската литература била доста сиромашна сè до сега. Драган Таневски - ново име во македонската литература, нова ѕвезда-талент која допрва треба да…
    Коментирај Повеќе
  • Бакнеж на полноќ - Елојза Џејмс
    Бакнеж на полноќ - Елојза Џејмс По смртта на нејзината мајка, Катарина (Кејт) Далтри во рок од две недели добива маќеа и полу сестра. Нејзиниот татко се жени со Маријана која ја доведува и нејзината преубава ќерка Викторија да живее со нив во куќата Јароу. За…
    Коментирај Повеќе
  • На улица Даблин - Саманта Јанг
    На улица Даблин - Саманта Јанг Оваа книга ја споредуваат со Педесет нијанси на сиво, но јас веднаш би сакала да истакнам дека На улица Даблин не е Педесет нијанси на сиво или Соголена пред тебе. На крај ќе објаснам и зошто... Сè што сака таа…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Споменка - Горјан Петревски

Автор 
Оцена
(518 оцени)

Споменка - Горјан Петревски

Споменка...

Име топло како спомен...

Или како јужен ветар...

Нежно како булка низ житата.

Распеано како пролет.

Ова име го носи девојчето кое за прв пат се соочува со најубавото чувство. Од сите тие игри, од постојаната дружба зад насмевките на двајца млади се сокрива љубовта. Првата љубов се засолнува во срцата на Споменка и Бојан.

Тие ја чувствуваат нејзината топлина и ја прифаќаат љубовната игра. Не знаат што ќе им донесе љубовната игра. Не знаат какви карти им поделила судбината. Нивните мисли не можат да го предвидат букетот трендафили кој ќе им биде препуштен на водите на реката. Ниту пак размислуваат за разделба.

Но, дали и судбината цели кон истото... останува вие да откриете. Првата љубов на Бојан и Споменка ќе ја доживеете како своја воздишка. Непотребни се повеќе зборови бидејќи не го доловуваат она вистинското.

Навлезете подлабоко во страниците и самите ќе ја забележите убавината на делото.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Фала :)

    0 Like
  • За книгава сум малку стар, но ја птрочитав под диктат на ќерка ми.Првин мислев дека е обична детска книгичка но ,се покажа дека лажам.Прекрасна книга особено за младите,многу е добро што имаме и македонски писатели на ваков вид литература.

    0 Like
  • Ретки се писателите ( посебно во Македонија) кои знаат да напишат ваков вид на роман. На прв поглед- детски, дури смешен, на втор поглед- книга која не воведува во светот на љубовта. Ако се задлобочиме во книгава- не носи на светот на младоста.

    П.С. Прекрасна книга- прекрасна статија

    0 Like
  • Може ли некој да ми ја прераскажи на кратко Споменка PLS :( za utre mi e

    0 Like
  • Прексрасна книга! =]

    0 Like
  • убава книга,но има исто така уште неколку делови!

    0 Like
  • Да да има продолженија кои исто така зрачат со убавина.

    0 Like
  • првата книга која ја прочитав од него истиот ден кога ја добив на подарок за одличниот успех на училиште во четврто одделение на мои 10 години и оттогаш наваму секогаш кога имам време понекогаш ја препрочитувам, сакам пак да го почувствувам одново тоа незаборавно чувство на мирисот на јоргованите и првата љубов, а како минеше времето ги читав и другите негови книги, и толку незаборавните ликови Споменка, Бојан , Никола, Вера Претералка, секогаш неговите книги ме потсетуваат на моето незаборавно детство кое ќе остане во спомените

    0 Like
  • Кул

    0 Like
  • Гостин - марина климоска

    Книгава е многу интересна и убава. Ја прочутав кога имав 9 години, малку бев мала за таа книга но многу ми се допадна.Сега имам 13 години и сеуште преку летните и зимските распусти ја препроцитувам книгата.Ги имам прочитано сите 3 делови.Многу убава книга :):D:o:p:(;):(:p:o:D:):):D:o:o:p:(

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter