Најнови статии

  • Окото на црвениот цар - Сем Истланд
    Окото на црвениот цар - Сем Истланд Пекала е помладиот син од едно финско семејство (во времето кога Финска се уште била руска колонија). Татко му е погребник и на осумнаесет годишна возраст го испраќа постариот син Антон во Петроград да служи во Царската Финска Регимента. На…
    Коментирај Повеќе
  • Душата на скулпторот - Џејн Аркат
    Душата на скулпторот - Џејн Аркат Приказна за тоа како невозможното се остварува како резултат на нечии каприци претворени во манија. Еден свештеник е поразен од светлината и пејзажот на нему непознатата долина. Еден Kанаѓанец на сон го гледа каменот што ќе биде извајан за да…
    Коментирај Повеќе
  • Проектот Роузи - Грем Симсион
    Проектот Роузи - Грем Симсион Една од поинтересните книги за оваа година, забавна новела раскажана со необично шармантниот и социјално предизвикан глас на професор по генетика кој има невообичаена задача: да дознае дали е способен за вистинска љубов. Можеби вистинската љубов навистина може да промени…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Папата Јована - Дона Вулфолк Крос

Автор 
Оцена
(1182 оцени)

Папата Јована - Дона Вулфолк Крос

Кога се зборува за оваа книга, вообичаено се вели дека ако сте жена, мора да ја прочитате. Можеби оние кои се чувствуваат послаби во однос на мажите, ќе стекнат самодоверба откако ќе ја прочитаат, бидејќи станува збор за жена, која живее во период кога жените им се подредени на мажите, немаат право на школување и дури раѓањето на женско дете е на еден начин губиток.

Е токму во ова време, таа успева да ја добие најпрестижната титула во светот. Титула која е најпочитувана, најпосакувана, на која сите се покоруваат. Титула која можете да ја поврзете со многу нешта, освен со именката жена.

Според мене, пораката овде не е само способноста, моќта на жената, нејзината рамноправност со мажот.

Не, оваа книга не е само за жени!

Ако ја споредам со "Lettera a un bambino mai nato" или било која книга на Oriana Fallaci, една од моите омилени писателки, напишала книги во кои јасно се гледаат нејзините феминистички ставови, слободно можам да кажам дека иако и оваа книга е напишана од жена, не е феминистичка.

Оваа книга е за жени, мажи... за секој човек, како да успее во животот. Ништо не е невозможно. Потребна е упорност, амбиција, желба и преминување преку сите пречки. Големите луѓе не чекаат поволна шанса, тие ја создаваат. Секогаш има начин кога човек знае што сака. И да постојат нешта кои не можат да се променат, мора некако да се издржат.

Човек што е осуден да се стреми кон нешто што не може да го има, за себе ги избира најстрмните и најтешките патеки, но сепак стигнува до целта. А Јована и фактот што е женско во раниот среден век е само симболика и претстава за пречките за нејзин успех и претстава како невозможното станува возможно.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Одлична книга која апсолутно се чита во еден здив. Навистина неверојатно како успеав една драма со историски елементи да ја прочитам за неколку часа..навистина не сум голем љубител на историски дела - но оваа книга е дефинитивно нешто што би сакала повторно да го прочитам. Прекрасна статија за прекрасна книга:))

    0 Like
  • Papata Jovana ja procitav pred tri godini.Odtogas nemozam da najdam kniga sto ke ja sporedav so nea .Definitivno,spored mene najdobra kniga.

    0 Like
  • На еден час наставничката по историја ни раскажуваше за книгава. Но, не можеше да се сети на насловот. Бидејќи навистина ми беше интересно нејзиното раскажување, ја прашав неколку пати за насловот, но никако не можеше да се сети. И денес ја гледам статијава и скокам од радост. Благодарам Симона!

    0 Like
  • Моментално ја читам. Некако тешко ми се испушта од раце.
    Прекрасна е.
    Извондредна.
    Би ја прочитала уште неколку пати.

    0 Like
  • Прекрасна...
    Интересен увид за тоа време, за интригите во Ватикан, за положбата на жените...
    Уште повеќе е интересен фактот што е вистнска приказна преточена во роман.
    И дали статијава има највеќе коментари?

    0 Like
  • Книгава дефинитивно е една од моите омилени...Книга која ве води во далечната историја која не охрабрува и не порачува дека секој може да си ги оствари своите цели...Како што вели Јована :"Човекот кој има некоја цел во животот секогаш оди по пострмниот пат до целта"...Една од моите омилени изреки,навистина маестрално дело

    0 Like
  • navistina neverojatno prekrasna kniga,edna od moite omileni, kniga koja vredi da se procita i na sekoj ja preporacuvam ednostavno kniga koja ne te ostava da ja ispustis od race :)

    0 Like
  • Дефинитивно една од најдобрите книги кои ги имам прочитано. Стилот на пишување е прекрасен, а преводот е прва класа, како на македонски да е оригиналот. Големо браво за Ташко Ширилов. Вреди да се прочита книгава.

    0 Like
  • Книгата е прекрасна, уште повеќе воодушевува фактот дека се работи за вистинска приказна. Човековата упорност и решителност, и вистинска верба во она што го сакате може да ве однесе многу далеку. Интересен е фактот дека после папата Јована, секој нов папа пред да биде назначен на функцијата мора да биде подложен на испитување на машкоста, односно дали навистина ги има машките гениталии :):):) Баш супер што ме потсетивте на книгава, ќе ја земам да си ја прочитам повторно.

    0 Like
  • Уште не најдов книга со која би можела да ја споредам. Мислам секоја книга си има своја тежина, но тежината на оваа книга ме доведе до најголемите импресии. Ја читав во еден здив. Колку една жена може да биде жена и да се избори за живот, да избере живот, а не робство. Мора секој да ја причита, особена СЕКОЈА жена, да и биде мотивација, дека со напор и труд ќе биде достојна за почит. И како една жена зрачи со достоинство и харизма.

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter