Најнови статии

  • Ана во крвавиот фустан - Кендар Блејк
    Ана во крвавиот фустан - Кендар Блејк ТОЈ УБИВА ДУХОВИ Тесеус Касио Ловуд е седумнаесетгодишно момче, син на татко - познат ловец и убиец на духови и мајка - вештерка. Главното оружје за убивање на духови е ножот „Атхаме“, кој после смртта на татко му го добива…
    Коментирај Повеќе
  • Дух- Даниела Стил
    Дух- Даниела Стил Иако насловот асоцира на некоја добра хорор приказна, овој роман на Даниела Стил е далеку од тоа. Напротив, не само што нема да ве исплаши, туку и ќе ви одржи лекција за животот, љубовта, надежта, насилството врз жената, изневерувањето, но…
    Коментирај Повеќе
  • Мрачни места - Џилијан Флин
    Мрачни места - Џилијан Флин „Имам некоја злоба во мене, вистинска и реална како орган. Исечи ми го стомакот и можеби ќе излезе, месеста и темна, ќе се лизне и ќе падне на подот за да можеш да ја згазнеш. До крвта на семејството Деј…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Загубената ќерка - Дајен Чемберлен

Автор 
Оцена
(125 оцени)

Загубената ќерка - Дајен Чемберлен

Често животот нѝ спрема чудни изненадувања и нѐ става пред тешки крстопати, пред кои мора да донесеме важни одлуки од кои ќе нѝ зависи понатамошниот тек на нашиот живот. На тој начин сами си ја одредуваме сопствената судбина.

Токму тоа ѝ се случува на Сиси Вилкис- главниот лик во овој преубав роман. Кога Сиси има шеснаесет години нејзиниот живот тргнува во сосема спротивен правец, сосема спротивно од она што таа го планирала и посакувала за себе.

На дванаесет годишна возраст Сиси останува сирак, кога нејзината мајка умира таа живее по домови и различни семејства.

На шеснаесет години Сиси конечно го средува својот живот- работи како келнерка во еден ресторан и собира пари за да се запише на колеџ. Тогаш се вљубува во убавиот Тим Глисон.

Тим полека ја вовлекува Сиси во неговиот свет и ја убедува да учествува во неговиот план да ја киднапираат жената на гувернерот за да може да ја намали казната на својата сестра која е осудена на смрт поради убиство. Сиси е премногу заљубена во него и прифаќа да учествува во тоа. Нејзината задача беше само да ја чува жената на гувернерот додека Тим и брат му Марти преговараат со нејзиниот сопруг.

Но работите се комплицираат...

Животот на Сиси се менува од корен и таа е свесна дека ова не ѝ го направи судбината туку си го направи самата таа и сега мора да ги трпи последиците од тоа. Каков ќе биде животот на Сиси и Корин ве оставам да откриете сами, мене оваа животна приказна ме обзема и не можев да ја оставам сѐ додека не ја дочитам, бидејќи оваа книга нѐ учи дека некогаш самите си ја одредуваме својата судбина, а последиците од тоа ги чувствуваме цел живот.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Пред се сакам да кажам дека статијата е одлична, особено бидејќи се работи за една од моите омилени книги. Браво Марија за изборот. Навистина се согласувам со тоа што ти е напишано дека самите си ја одредуваме својата судбина,а потоа ги поднесуваме последиците. Вртејќи ги страниците на оваа книга ги добиваме сите тие докази, а воедно и изучуваме една исклучително поучна лекција од животот. Книгава заслужено вреди да се прочита.

    0 Like
  • Дефинитивно неверојатна книга. Ја прочитав на плажа и некако ми го разубави одморот уште толку. Интересно е тоа што книгава ми остави разни чувства, на некои делови се нервирав поради судбината која ја доживеа СиСи, а од друга страна пак радоста која ја доживееја на крајот. Преубава книга, која веројатно би била одлична приказна за филмска адаптација. И да, ја обожавам Дајен, се надевам на уште книги во иднина од неа.

    0 Like
  • Уште кога почнав да ја читам, не можев да ја испуштам од раце и она што сега ќе го напишам е напишано во позитивно афектна состојба (бидејќи само што ја дочитав) :).

    Сочувствував со секој миг од животот на Сиси. Со секоја нејзина болка, солза, немир, неизвесност, незнаење, радост... Бидејќи секој во животот прави погрешни избори. Секој во животот минува низ оној критичен период - тинејџерството, кога во вистински смисол на зборот веруваш дека "Се' што лета се јаде".

    Но, како што ние правиме грешки, така животот ни дава шанси, можност, истите да ги поправиме. Единствено што треба да го направиме е да го фрлиме превезот од нашите очи и да ја погледнеме вистинската слика на светот и луѓето, а не она што ние сме го создале во нашата фантазија, во некој момент на нерационално толкување на стварноста.

    0 Like
  • Уште само би сакала да додадам дека на крајот се разочарав од ликот на Женевјев. Не го очекував тоа. Фактот дека била љубовница на Тим, во моите очи Сиси ја направи жртва на околностите, а Тим уште поголем идиот.

    0 Like
  • Немам зборови... Преубава книга, не можев да ја оставам. Мора уште нешто да се преведе од Дајен Чемберлен, авторката е генијална за семејни романи.

    0 Like
  • Дефинитивно една од најубавите книги што ги имам прочитано, браво Марија за статијава! :)

    0 Like
  • Мојот коментар за оваа книга е сместен во заградите ( . . . ), или во превод: ме остави без зборови, без здив, и без сон!

    0 Like
  • Гостин - Duduk

    Каде да купам книгава?

    0 Like
  • Книгата побарај ја во Матица, нивно издание е, или види во книжарница Три, имаат книги и од други издавачи.

    0 Like
  • Прекрасна книга и супер статија :)

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter