Најнови статии

  • Снежана мора да умре - Неле Нојхаус
    Снежана мора да умре - Неле Нојхаус Во најдосадното село во Германија, Алтенхајн, почнаа да се случуваат неочекувани работи. После десет години поминати во затвор, Тобијас Сарториус се враќа на пропаднатиот имот на татко му во Алтенхајн. Тој знае дека животот нема да му биде лесен отсега…
    Коментирај Повеќе
  • Законот на привлечност - Н.М. Силбер (Заљубени правници #1)
    Законот на привлечност - Н.М. Силбер (Заљубени правници #1) Двајца адвокати се заљубија во судницата. Габриел Гинсберг е јавен бранител со челични нерви и Брејдан Пиерс е помошник јавен обвинител со огромна самодоверба. Габриел го сака Брејдан и Брејдан ја сака Габриел. И Камерон ја сака Габриел. И Марла…
    Коментирај Повеќе
  • Сведок - Нора Робертс
    Сведок - Нора Робертс Таа ноќ започнува со краткотрајната младеначка побуна на Елизабет со фарба L’Oreal Pure Black, скратување на косата и фалсификувана лична карта, а ќе заврши во крв. После 12 години, на периферијата од малиот град во Озаркс, во куќа со најсигурни…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

А потоа - Гијом Мисо

Автор 
Оцена
(173 оцени)

А потоа - Гијом Мисо

Во продолжение е напишан текстот кој се наоѓа на корицата и на првата страна од книгата. Го потенцирам ова бидејќи не сакам да помислите дека ја откривам содржината на книгата што е целосно спротивно од нашите правила. Значи ова е текст кој ќе го прочитате веднаш штом ја земете книгата во раце.

„Како осумгодишно момче, Нејтан, кој во еден момент е мртов, помина низ светлинскиот тунел. Скокнувајќи во езерото за да спаси едно девојченце, тој се удави. Престанок на работата на срцето, клиничка смрт... А потоа, повторно, живот.“

Па кажете ми како би можела да одолеам на овие реченици и да не ја купам оваа книга.

Напнатост, неизвесност, чувства, страв, љубов... Тоа се главните емоции кои се чувствуваат и доминираат низ книгата.

Искрено, не знаев дали да ја сместам во категоријата на драми и романси или пак во трилери затоа што оваа книга не ве остава да го погодите нејзиниот крај додека не ја прочитате последната страна.

Нејтан, кој го живее својот втор живот по клиничката смрт, сега живее едноличен живот. Има жена и дете, но тој е разведен и живее сам. Има блескава кариера, многу пари и моќни пријатели, но ништо од тоа не може да го натера да го заборави својот поранешен живот, да го натера да заборави барем за миг кој бил некогаш и од каде доаѓа...

Болен од амбиција за богатство и слава, болен од желбата да докаже дека и тој вреди нешто и не е само син на една сиромашна помошничка - тој го запоставува своето семејство и прави жената која го сака вистински сепак да го остави.

А потоа... Се појавува една личност во неговиот живот. Не, тоа не е нова жена, не може да биде бидејќи тој уште е вљубен во својата жена. Тоа е еден човек кој го уверува дека неговата улога на земјата е да ги подготви луѓето за смрт, тој е еден вид гласник...

Но зошто е тој тука? Дали животот на Нејтан е завршен? Дали тој кој ги достигна своите најголеми амбиции сега смета дека неговиот живот бил исполнет доволно за да може мирно да умре?

Прекрасна приказна, убаво осмислена, преубаво напишана... Ве допира и Ве тера да се замислите за многу нешта, за љубовта, за работата, за амбициите, за желбите...за животот.

Ми се допадна!

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Одлична книга! Не ми се верува дека толку време ја имав во мојата домашна библиотека, а ја немав прочитано се досега. Како и да е, грешката ја исправив и со душа чекам да преведат уште некое дело од авторов кај нас. :)

    0 Like
  • Пред неколку часови ја прочитав книгава и можам да кажам само пофални зборови за авторот. Ме воодушеви! Крајот - навистина не го очекував и на последните неколку страни навистина се наежив. Мисо, од денес се вбројува во еден од моите омилени писатели :)

    0 Like
  • прекрасна е. почнуваш да читаш и сакаш уште и уште ..

    0 Like
  • Моментално ја читам и мора да се сложам со Ананда дека „Затоа што те љубам“ е за нијанса подобра од оваа, но лектурата е катастрофа. Не знам дали преведуваат од српски или од оригинал, но јас мислам дека „ватрогасец“, „ватрогасци“, „загрли“ итн. не се македонски зборови. Да не беше интересна приказната, веднаш ќе ја затворев, сериозно !!! Едвај чекам да ги прочитам останатите од Гијом Мисо, за кои знам уште сега дека ќе жалам што не можам да ги читам во оригинал. Не дека не сакам да читам на македонски, но не сакам да читам на упропастен македонски јазик, кога јазикот ни е богат и преубав.

    0 Like
  • Каква приказна! Иако не делови преморбидна за мој вкус, би ја почнала од почеток. Последните 50-60 страни едвај се воздржав да не ѕирнам на крајот. Не ми се верува колку долго книгиве ме чекаа да ги читам. Сум требала уште во книжарница да почнам со читање. Неверојатно вистинита поука се крие зад редовите на романов.

    0 Like
  • Преубава приказна.

    0 Like
  • Мојата втора книга од Гијом Мисо, и исклучиво најдобрата! Ја прочитав за два дена, само поради силните обврски. Инаку ќе ја прочитав за 1 ден, со мојава лудост. Едвај чекам да го изгледам филмот, да направам една добра споредба. Гијом Мисо - дефинитивно мојот омилен автор!

    0 Like
  • Ме разочара крајот... Не сакам тажни краеви !!

    0 Like
  • И мене ми е ова втора книга која ја прочитав од авторот и веќе го ставам на листата на најомилени. Никогаш неможеш да го предвидиш крајот на неговите книги, тоа е она што премногу ми се допаѓа. Книгава навистина има тажен крај но мислам дека ќе се разочарав доколку завршеше премногу добро за сите, тоа едноставно немаше да биде стилот на Гијом а и немаше да соодвестува на целата приказна. Морам да признаам дека преводот не беше баш добар а имаше и доста печатни грешки. Сепак ни тоа не те спречува да ја проголташ приказнава во еден залак:)

    0 Like
  • Прекрасна. Толку од мене, за тие што не ја прочитале, обавезно да ја прочитаат.

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter