Најнови статии

  • Мојот Маж - Румена Бужаровска
    Мојот Маж - Румена Бужаровска Ова се приказни раскажани од жени. Но, не се и приказни за задоволни жени. Тоа е нешто што авторката, Румена Бужаровска, го нагласува при опишувањето на оваа книга. Овие жени живеат навидум исполнети животи со своите сопрузи, деца, родители. Сепак…
    Коментирај Повеќе
  • Повторно дома - Анти Тури
    Повторно дома - Анти Тури По многу години поминати во Америка, Ерки Хакала, на четириесет и пет години, повторно се враќа во својот роден град, во Финска. Принуден од даночните власти да емигрира во Америка, поради ткајачницата и пропаѓањето на бизнисот, сега кога делото против…
    Коментирај Повеќе
  • Урбани Херои
    Урбани Херои Читајќи ја Урбани Херои од Драган Таневски, во една работа бев повеќе од сигурна, а тоа е дека македонската литература била доста сиромашна сè до сега. Драган Таневски - ново име во македонската литература, нова ѕвезда-талент која допрва треба да…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Вероника реши да умре - Пауло Коелјо

Автор 
Оцена
(980 оцени)

Вероника реши да умре - Пауло Коелјо

Според оваа книга неодамна беше направен и филм, 21 август 2009. Со нетрпение го чекав филмот бидејќи бев полна со импресии од книгата. Имаше критики во стилот дека е депресивен филм... целото дејство се одвива во лудница, а главен лик е девојка која сакала да се самоубие. Да, можеби на прв поглед депресивен, но за жал денес такви се многу млади луѓе, кои не го ценат животот, сè додека не се соочат со смртта.

Така и оваа девојка, Вероника, го отфрла најубавиот дар, животот, не е во состојба да ја сфати својата среќа. Исполнета е со горчина, вечен страв дека греши, дека не го прави она што го очекуваат од неа. Сака да ја напушти онаа рутина на која свикнала, но не е доволно силна, па својот излез го гледа во најлесниот пат, во самоубиството.

Тој чин ја носи во еден поразличен свет, во светот на лудите, кои можеби се само различни од останатите, различни од она што поголемата маса го прифатила како нормално.

Што ќе ѝ ја врати смислата на животот овде? Жедта за да живее, да се радува на сонцето и сите убавини што ги носи животот, ќе откриете сами. Во секој случај книга што вреди да се прочита и Ве тера да размислите за скапоценоста на животот и поставување на цел која треба да ја постигнете и која ќе Ве исполни и направи среќни. Кога сте задоволни од самите себеси, тогаш му се радувате на животот, затоа што:

Вистинското "Јас" е тоа што си ти, а не она што другите го направиле од тебе.

 

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Одлично дело може да ти даде сосема нови прспективи во животот,ако дочитањето на делово својот живот си го сметал за недостоен за живеење по читањето на делово ќе размислуваш сосема поинаку.Секој треба да си даде шанса да го проживее животот што му е даден,од нас самите зависи дали ќе бидеме задоволни или не,впрочем среќата е состојба на умот!

    0 Like
  • Оваа книга на Коелјо ми се посебно допадна,ја читав и Алхемичарот но сепак некако ми здодеаа книги за смислата на животот,како да бидете посреќни и мило ми е што во оваа книга обработува некој конкретен настан и ни дава прекрасна поука ,животот е најголемото богатство што го имаме и не треба туку така да го отфрламе.Прекрасна статија Симона,поздрав

    0 Like
  • Само што завршив со читање на книгата и бев фасциниран. Книгата е одлична, посебно ми се допаѓа однесувањето на другите во лудница, кое е многу поразлично од она што е прикажано во другите филмови и она што ние го имаме замислено дека се случува таму. Секоја чест на Коелјо, одлична книга. Симона, супер статија :)...

    0 Like
  • Следна ми е на листата за читање, сигурен сум дека ќе ме воодушеви. Одлична статија Симона и позз до сите:))

    0 Like
  • Соочен со смртта ја сваќаш смислата на животот. Иако е мрачна и се одвива во лудница, книгата има поента и остава позитивно чувство. :)

    0 Like
  • Многу интересна и убава книга, се чита во еден здив.

    0 Like
  • Имам 14 години, книгава е прекрасна,не ми се допадна крајот и мислам дека требало уште некоја страница за подобар крај, во секој случај убава приказна.

    0 Like
  • Кога веќе решив да го читам Коелјо, си реков да почнам со „Вероника реши да умре“. Слушнав и прочитав многу убави зборови за неа, а успеав да ја најдам само на српски... И тоа е подобро од ништо, така да еве почнувам со читање :):):)

    0 Like
  • Книгата ја има на македонски во издание на ТРИ и е 200 денари

    0 Like
  • dali mozete da mi kazete kako se vika filmot sto e napraven spored ovaa kniga ? :)

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter