Најнови статии

  • Безнадежно - Колин Хувер
    Безнадежно - Колин Хувер Откривањето на вистината понекогаш може да те направи побезнадежен од верувањето во лагите... Тоа е она што го сфаќа седумнаесетгодишната Скај откако го запознава Дин Холдер. Типче со репутација која може да ѝ парира на нејзината и способност во неа…
    Коментирај Повеќе
  • Снежана мора да умре - Неле Нојхаус
    Снежана мора да умре - Неле Нојхаус Во најдосадното село во Германија, Алтенхајн, почнаа да се случуваат неочекувани работи. После десет години поминати во затвор, Тобијас Сарториус се враќа на пропаднатиот имот на татко му во Алтенхајн. Тој знае дека животот нема да му биде лесен отсега…
    Коментирај Повеќе
  • Раскажувачката на приказни – Џоди Пико
    Раскажувачката на приказни – Џоди Пико Сите имаме некоја скриена тајна, нешто што го чуваме длабоко во себе за другите да не можат да го видат. За жал, Сејџ Сингер ја нема таа можност. Нејзината тајна, нејзината вина е испишана низ нејзиното лице, една грозна лузна…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Оцена
(25 оцени)

Вљубената принцеза

Вљубената принцезата е третото продолжение од серијалот „Дневниците на принцезата“ од Мег Кебот. Во овој дел од серијалот Миа треба да го помине Денот на благодарноста во кругот на семејството на г. Џанини, нејзиниот професор по математика, и сега мажот на мајка ѝ која очекува негово дете. Да, ноќна мора за Миа.

Миа се чувствува ужасно. Навистина ужасно. Нејзино момче сега е Кени, нејзиниот партнер по биологија, кој ѝ праќаше љубовни писма (анонимни) за кои таа мислеше дека се од Мајкл. Од друга страна пак, се испитите кои ја мачат за крајот на годината, а ни баба ѝ не ја остава на мир со часовите за принцеза.

Но, Миа не го сака Кени. Таа го сака Мајкл. Но изгледа дека Мајкл не ја ни погледнува. А зошто?

Оцена
(26 оцени)

Принцеза во очекување

Четвртото продолжение од серијалот „Дневникот на принцезата“ е токму оваа книга. Во неа Миа е во Џеновија, првпат како принцеза за време на зимскиот распуст каде после одржаниот говор пред народот од Џеновија „малку“ отстапува од кажаното и започнува тема за паркинг-часовници, што претставува сериозен проблем.

Но, тоа е само почеток... Во врска е со Мајкл Московиц, конечно по толку пропатени моменти без него, но е толку неправедно оддалечена од него и постојано сонува за тоа да се врати назад во Менхетн...

Целиот распуст го поминува на досадни ручеци и вечери, со премиери и претседатели, и воопшто нема време да се одмори. Но, распустот поминува и таа се враќа во Менхетн.

Оцена
(449 оцени)

Улавите години

Уште една книга од чии спомени се навлегува во детството...

Прекрасна приказна од раните години на минатиот 20-ти век во бивша Југославија. Во оригиналот е наречена „Магарешки години“, а во превод на македонски, „Улавите години“. Да, оваа приказна баш ги опишува тие луди години. Време на заљубување, скршени срца и нешто друго.

Локацијата е сместена во Босна, во интернат, а приказната е раскажана од аспектот на едно дете кое ќе биде дел од „конвикташите“.

Посебно време им се посветува на неговите другари, како на пр. Бајо и неговата „љубoв“ Зора, новодојдените близнаци и нивните легендарни авантури.

Оцена
(55 оцени)

Оваа книга ми беше за лектира и навистина многу ми се допадна како помал.

Приказна во стихови за еден добар, вреден и искрен старец и неговата алчна жена. Старецот фаќа златна рипка која сака да му исполни три желби, но тој не прифаќа туку веднаш ја пушта.

Но, по карањето на старицата, тој е принуден да се врати и да побара нешто од златната рипка.

„Простак еден, будалиште бедно!
Не си можел да побараш смело
бар корито од рибата едно-
нашето е искршено цело!“

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter