Најнови статии

  • Совршено несовршен пар - Сузан Елизабет Филипс
    Совршено несовршен пар - Сузан Елизабет Филипс Хит Шампион има поминато голем и мачен пат за да се издигне на врвот, почнувајќи од бедното детство во приколка со татко пијаница. Најдобриот и најуспешниот спортски агент во градот не се срами од своето минато, напротив, тој се гордее…
    Коментирај Повеќе
  • Допирот на музиката - Дафне Калотеј
    Допирот на музиката - Дафне Калотеј Платон рекол: „Затоа што хармонијата е симфонија, а симфонијата е хармонија, затоа музиката премногу се занимава со начелата на љубовта.“ Па можеби и е во право! Иако не потекнува од музичко семејство, нејзините родители не се музичари, Реми е успешна…
    Коментирај Повеќе
  • Последната пролет во Париз - Јелена Бачиќ Алимпиќ
    Последната пролет во Париз -  Јелена Бачиќ Алимпиќ “Последната пролет во Париз“ е третиот роман на авторката на бестселерите “Рингишпил“ и “Писмото на госпоѓа Вилма“, Јелена Бачиќ - Алимпиќ. Овој роман претставува емотивна приказна за судбината на емигрантите од царска Русија, за мрачниот свет на предавството, верноста кон…
    Коментирај Повеќе

Награди и подароци

Татарска пустина - Дино Буцати

Автор 
Оцена
(44 оцени)

Татарска пустина - Дино Буцати

Татарска пустина не е ништо друго освен книга која дефинитивно можеме да ја наречеме животна драма. Приказна за човечките судбини, за животните стремежи, за надежта, аспирациите, желбите, неисполнетите соништа...

Дали некогаш сте помислиле дека вашето живеење нема цел... или пак дека се стремите кон погрешни работи... или секогаш, секогаш на крајот успевате да се убедите самите себе си и верувате дека она кое го правите е тоа вистинското и сепак таму некаде, на крајот од тунелот, чека вашата светлина?

Луѓето се како предодредени, како програмирани да веруваат дека таму некаде чека нивното чудо, она чудо на нивниот живот кое евентуално, со тек на време, ќе се случи и ќе измени сѐ...

Ако некој се обиде да ве разубеди и да ве увери дека тоа чудо нема да се случи никогаш, вие тоа нема да го прифатите и ќе го обвините дека е убиец на вашата надеж. Знаеме дека не треба да биде така, сите знаеме дека надежта последна умира...

Татарска пустина е приказната за животот на еден војник кој е распореден две години од својот живот да помине во Тврдината. Тие две години кои треба да ги помине таму всушност се дел од неговите најубави дваесетти години.

А тврдината? Што да кажам за тврдината и неговиот живот таму? Тврдината се наоѓа на една пуста државна граница на работ од Татарската пустина. Војниците се таму со цел да ја чуваат таа граница од Татарите, но Татарите ги нема... ги немало со години... никогаш оттаму не нападнале ниту пак се знае со сигурност дека некогаш ќе нападнат.

Војниците ја имаат својата надеж, надежта која последна умира! Надежта дека нивниот миг на слава сепак ќе дојде, дека тие ќе бидат оние кои со војна против Татарите ќе ја спасат границата, а потоа ќе можат во слава како унапредени полковници, командири да ги продолжат своите животи.

Иако малку бавна за мој вкус (дејствијата многу бавно се одвиваат), оваа книга носи силна порака за сите нас кои упорно одбиваме да преземеме нешто и да го смениме својот живот, за сите нас кои го чекаме своето чудо. Луѓе, разбудете се, тоа чудо можеби никогаш нема да се случи и можеби на нас останува сами да создадеме свое чудо за поубав живот!

Минути, часови, денови, месеци и години, многу години Џовани го чека своето чудо, својот миг на слава... Што ќе се случи кога неговото чудо конечно ќе се оствари? Проверете самите!

 

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Odli4na kniga,ve naveduva na mnogu razmisluvanja za smislata na naseto postoenje.Ja prepora4uvam.

    0 Like
  • Ја добив, ја прочитав и многу ми се допадна.Можеби затоа што ми е подарок или нешто друго е во прашање :))!

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна или да нѐ контактирате телефонски на 070/326-403 доколку повеќе ви одговара. Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter