Банер

Видео

Нешто Ваше...

Најнови статии...


Момчето во пижами на риги - Џон Бојн
Ако почнете да ја читате оваа книга, ќе тргнете на патување со девет...
Мокингџеј - Сузан Колинс
„Се викам Кетнис Евердин. Зошто не сум мртва? Треба да сум мртва...“ ...
Уште еден ден до вечноста
Надрeализам... единственaтa прекрасна боја и последна на мојата палет...

Оцени ја книгата
(23 Оцени)

Правдата на везирот - Кристијан Жак

Третата книга од трилогијата Египетски судија е Правдата на везирот- книга не помалку интересна и неизвесна од предходните две, книга која ве става во исчекување, книга неизвесна до самиот крај, книга во која сè ќе се разоткрие.

Ќе се обидам и овој пат да ве заинтересирам за ова прекрасно дело.

Во оваа книга ќе мора да се разрешат многу мистерии, да се решат многу заговори и сплетки. Пазер е сега египетски везир втор човек во Египет после фараонот, Неферете неговата сопруга е поставена за главен лекар во кралството, тие ќе дојдат во судир со министерот за економија и управникот на Двојниот бел дом Бел-Тран.


Оцени ја книгата
(20 Оцени)

Алеф

„Ме обзема сомнеж, особено за мојата вера.“

„Ако. Тоа е сомнеж што го движи секој човек напред.“

Веќе подолго време Коелјо има чувство дека ништо од она што го научил не пуштило корени и иако е способен да влезе во магичниот универзум, не може да се задржи во него. Сомнежот околу неговата вера навлегува подлабоко, а потрагата по мудроста и духовниот мир му станува рутинска и бесмислена. Гледајќи според сè треба да е среќен човек бидејќи е успешен во својата професија, женет со жената што ја сака, има добро здравје, опкружен е со луѓето што го сакаат и им верува. Сето тоа некогаш му било доволно но сега, сега како ништо да не го исполнува и постојано се прашува зошто оди понатаму ако веќе ги достигнал своите граници?


Оцени ја книгата
(40 Оцени)

Полноќни спомени - Сидни Шелдон

Полноќни спомени е своевидно продолжение на романот Другата страна на полноќта, но јас би рекол дека доколку не сте го прочитале првиот дел, не губите премногу бидејќи вториот дел започнува сосема одново и со добро објаснување па не би рекол дека претставува голема пречка.

Романот започнува со Кетрин Александар (Даглас), која претрпува мала амнезија и не се сеќава на важни настани од нејзиниот живот.

Сите мислат дека таа е убиена од страна на нејзиниот сопруг Лари Даглас и неговата љубовница Ноел Пејџ, освен грчкиот бизнисмен и милјардер Константин Демирис.


Оцени ја книгата
(46 Оцени)

Немиот сведок

Несомнено уште едно врвно дело на ненадминливата кралица на криминалистичките романи, незаменливата Агата Кристи. Уште еден спектакуларен роман, кој напросто ќе ве воодушеви и ќе ве остави во потрага по уште вакви романи...

И овде главниот детектив, којшто ќе се погрижи за истрагата е секако малиот белгиски јајцеглав детектив, фабулозниот г-дин Херкул Поаро со неговите долги мустачиња и се разбира неговите сиви ќелии, кои што никогаш не го изневеруваат. Овојпат се работи за богатата вдовица, г-ѓата Арандел, којашто се плаши за својот живот, откако сите знаат кој - што ќе добие по нејзината смрт. Во тоа е сосема убедена, затоа што пред само некој ден некој се обиде да ја убие, на тој начин што индиректно го предизвика нејзиниот пад по скалите.