
Првата и единствена Рацинова стихозбирка на македонски јазик, Бели мугри објавена во почетокот на декември 1939 година во градчето Самобор во близина на Загреб, е пример за креативно ползување на народнопоетското искуство.
Стихозбирката е испечатена на 25 номври во печатницата на Драгутин Шпулер во 4000 примероци.
Ова комплетно дело на македонски јазик, со високи уметнички вредности, значи литературно утврдување и афирмација на македонскиот јазик, а истовремено и доказ дека токму на тој јазик можат да се содаваат дела со исклучителна вредност.
Име: Очи широко затворени
Година: 1999
Награди: Номиниран за Golden Globe, 4 награди и 15 номинации
Улоги: Том Круз и Никол Кидман
Филмот е снимен во целост според Новела за сонот на Шницлер. Последниот Кјубриков филм е можеби прв филм што не ја подели публиката, сите го сакаа. Амбивалентниот однос меѓу маж и жена тој го нагласи со користење на контрастни бои, жолта и сина, т.е топло-ладно. Драматургијата на одредени сцени е нагласена со музика која ја крева тензијата.
Еве што вели Кјубрик за Шницлер:
"Тешко е да се најде некој писател кој повистинито ја разбрал човечката душа и којшто подлабоко продрел во начините на коишто луѓето мислат, дејствуваат и постојат, писател кој има еден толку широко опфаќачки поглед - со многу емпатија, но и со цинизам.".
За книгата и авторот:

Имам впечаток дека вие, благодарение на интуицијата - или, подобро речено, благодарение на внимателното самонабљудување - за другите луѓе го знаете сето она што јас го открив со долготрајни проучувања. Верувам дека во основата вие сте еден истражувач на психолошките длабочини."
Сигмунд Фројд, писмо до Шницлер (14. мај 1922)
Артур Шницлер (Arthur Schnitzler, 1862-1931) е австриски писател роден во Виена, каде што ги завршил студиите по медицина и каде што имал лекарска практика. Во неговата разгранета писателска работа (пишувал драми, романи, кратки раскази, критики) константна е темата за испреплетувањето на илузиите и реалноста на психолошки план.
Неговата работа открива длабоко познавање на несвесното и подсвесното и во уметничкиот свет тој се смета како креативен еквивалент на Сигмунд Фројд.
Поради нагласената провокативност на неговите дела, поради честопати неприкриените еротски и психоаналитичарски тонови, книгите и драмите на Шницлер во триесеттите години на дваесеттиот век биле забранети од нацистичката партија во Германија и Австрија, и покрај тоа што во делата на Шницлер постои одреден антисемитизам.
Станува збор за своевидна психо-рапсодија која се случува во рамките на една халуцинантна ноќ. Дури, би рекле, станува збор за силна еротична фантазија повремено испресечена со изблици на параноја. Префинетото опишување на мрачните страни на еротизмот, но и воопшто, комплексното истражување на психолошките длабочини на младиот брачен пар, на книгава ѝ го обезбедуваат местото меѓу класичните дела на 20-иот век.
„Новела за сонот“ раскажува за бескомпромисниот опис на моралните раздори и душевни провалии на една инаку сосема „нормална“, социјално етаблирана и ситуирана брачна двојка, чии половини, секоја за себе, се дрзнуваат во нестварната закрила на ноќта здодевната сигурност на европското секојдневие да ја заменат со опасната непредвидливост на интимни исповеди, скриени сексуални фантазии и забранети сништа.
Фаталните ноќни исповеди на виенскиот лекар Фридолин и неговата сопруга Албертина се претвораат во судбински испит на нивниот брак, кој во зората не се распаѓа туку темелот на својот опстанок го пронаоѓа во сознанието дека „стварноста на една ноќ, па дури и на целиот човечки живот, не ја означува и неговата најинтимна вистина“. Сопружниците Фридолин и Албертина во 1999 година, пред точно десет години, ја доживеа целулоидната реинкарнација како Вилијам и Алис Харфорд во филмот „Очи широко затворени“.
Новелата за сонот дејствува магнетски. Шницлер спретно се вовлекува во нашите скриени желби, во неконтролираните пориви, замислувањата и посакувањата. Го сакаме она што го немаме; но и кога ќе го добиеме забранетото - најчесто се наоѓаме во уште полоша ситуација во која разурнувачкото либидо ги покажува своите темни страни. Ја исчитував книгата со нервозно но еротско задоволство, едновремено со восхит, очај и омраза.
... оваа безвремена книга која мора да се прочита, а потоа да се погледне и филмот снимен во целост според самата новела ...

И повторно продолжувам во мојот стил, а тоа е се разбира уште една статија за кој друг, ако не за кралицата на злосторствата, Агата Кристи! Имено, се работи за малото место Литл Педокс и неговите жители, кои еден ден се затечени од една статија во градскиот весник. Се работи за статија во која се најавува дека некој ќе биде убиен, а убиството ќе се случи на 29 Октомври, во 6:30 часот попладне. Ќе се согласите дека ова е многу лоша шега и навистина лоша. Додека повеќето луѓе се исплашени и насекаде велат дека во тоа време ќе се заклучат во своите домови, а некој дури и ќе отпатуваат некаде, првите дами во местото, г-ѓата Летиција Блакок и г-ѓата Дона Бунер одлучуваат да организираат вечера во 6 часот попладне токму оној ден за кога е најавено убиството.

Сањин Фрлан и во својата втора книга дава насоки за создавање богатство. Иако насловот на книгата е „Како да станете богат во Хрватска’’ авторот дава општи препораки и инструкции кои важат не само за жителите на хрватската држава, туку и за пошироки простори.
Ова не е книга со која ќе создадете инстант богатство. Сепак доколку ги следите препораките на авторот, ќе бидете на добар пат за да го постигнете неговиот успех и да го повторите уште безброј пати. Авторот, своите сознанија за станување богат во книгата ги пренесува во десет чекори. Овие чекори ги применувал при започнувањето на сите свои бизниси кои досега ги основал. Кај секој од овие бизниси почнал да бележи профит после помалку од две години.